„Леле види ја, има мрсен стомак“ – кажа мажот со стомак до заби и чорапи несменети 3 дена

lele-vidi-ja-ima-mrsen-stomak-kazha-mazhot-so-105-kilogrami-i-stomak-do-zabi-01.jpg

Маживе малку како да претераа во последно време со следење на светски фитнес инфлуенсерки со фотошопирани слики до бесвест.

Со нив се будат со нив си легнуваат, па случајно паднаа во заблуда дека така треба да изгледа и „реалната“ нивна жена.

И немам ништо против така да изгледа некоја жена, секоја чест на сите оние жени кои покрај сите дневни обврски околу кариера, деца, дом, успеваат да изгледаат беспрекорно, но сепак маж кој има далеку над 100 килограми, огромен стомак и заборава дека е време да се избања и да исече нокти, да коментира и да очекува дека покрај себе треба да има жена со изглед на совршена Барбика малку ми е бесмислено.

И ајде да стануваше збор за некој Кен со стомачни мускули, дотеран, напарфемиран, па да има високи критериуми и очекувања.

Но, овој, извинете на речникот „небањатиов“ сака покрај себе да има фитнес ѕвезда.

Како Инстаграм ги стави во заблуда ваквите мажи? Како Инстаграм направи да заборават да ја ценат својата реална жена, што спие до нив и ги слуша како ‘рчат секоја ноќ?

Со своите неумесни коментари ѝ ја нарушуваат самодовербата, прават таа да мисли дека не е доволно добра, прават да има несигурности затоа што на нозете има ронка целулит, а на стомакот стрии од породувањето.

И ваквите мажи кога веќе имаат така високи критериуми за својата партнерка, треба да погледнат профили и од некои машки фитнес инфлуенсери, па потоа малку да се проанализираат во огледало, па да си постават некој критериум за себе.

Во исфлекани пижами, со чипс на стомакот и неизмиени нозе по работа додека „листаат“ Инстаграм, навистина немаат право на вакви сурови споредби и несоодветни коментари.

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не беше тука за мене, ама можам само да ти кажам – благодарам што ме остави сама... Не беше тука за мене кога се плашев, но можам само да ти кажам благодарам што ме...
Симона Поповска за CRNOBELO лексикон: „Ми кажале дека имам глас како пудинг од ванила“ „Како мала обожавав да истражувам и да си поставувам цели. И бев решена да се ис...
„Сонце се гледаме“ - Последните зборови што ми ги кажа Тоше неколку дена пред несреќата и денес ми о... „На прес-конференција Тоше требаше да го најави концертот на 5 октомври. Доцнеше...
Српски писател: „Девојка ми префрли 50 евра на сметка - разговорот со мене ѝ помогнал повеќе од псих... „Понекогаш сè што треба е да бидеш подготвен да се отвориш и луѓето да ти с...
„Леле, нема да правиш давање збор, свадба, мекици – срамотааа“ - Ах, Македонијо, до кога? Зошто во Македонија по автоматизам судиме ако нешто не е како што сметаме дека „...
Роберт Спасенцовски - Џокер за CRNOBELO лексикон: „Ме зафркаваа дека свирам хармоника, но не се отка... „Лесно го изнудив првиот бакнеж и добив многу самодоверба. Си помислив дека сум ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg