Десет години не сум била никаде на одмор – не ми е јасно зошто другите ми се потсмеваат и ме обвинуваат

Секое лето иста песна: „Каде на одмор?“, „Ќе одите некаде?“ - а, кога ќе одговорам: „Не“ луѓето ме гледаат чудно, небаре правам невиден грев со тоа што не сум во можност да си дозволам да одам на одмор, небаре сум згрешила нешто и сум под нивното „ниво“ што ќе останам во Скопје...

Deset-godini-ne-sum-bila-nikade-na-odmor-ne-mi-e-jasno=zoshto-lugjeto-me-obvinuvaat-i-mi-se-potsmevaat-01.jpg

Зошто не одам на одмор? Причини има многу... Едноставно се случи животот.

Не беше дотолку затоа што финансиите биле проблем, колку што се наредија работите така што не можевме да си дозволиме со партнерот да одиме некаде. Сепак, бројните незгоди со себе повлекоа и финансиска нестабилност.

Ги слушам луѓето кога постојано говорат за тоа каде биле, како си поминале, колку платиле, а јас се прашувам, како ќе сврзам крај со крај од први до први. За одмор не ми паѓа ниту на ум.

Можеби ќе успеам да украдам некој викенд со семејството да одам на плажа и тоа е тоа. Сметки за струја, сметки за комуналии, интернет, храна, сметки за градинка, нова облека за децата... Секој месец е нов предизвик. Уште потешко е кога немаш никој да ти помогне...

Да, замислете, има луѓе што не можат да одат на одмор дури и да сакаат. Има луѓе што се хранат со пиперки и патлиџани не затоа што е здраво, туку затоа што само тоа може да си го дозволат.

Има луѓе што се соочуваат со еден куп други предизвици, па немаат време да помислат на одмор (болен член во семејството, борба за напредок во кариерата, борба за чорба).  

Има луѓе што ги гледаат вашите фотографии на Инстаграм и потајно сонуваат дека еден ден ќе добијат „џек пот“ и ќе стасаат таму, или пак веруваат дека им требаат само уште неколку години напорно да работат. Кој би знаел...?!

Но, не се жалам. Не, горда сум што на моите деца им обезбедувам нормален живот. Не се гладни, не се боси, не им недостасува ништо. Но, пак не сум мирна.

Како мајка потајно живеам во стравот дека набргу моите деца ќе пораснат и ќе ја воочат суровата реалност во овој свет, во којшто децата се воспитуваат да ги ценат луѓето според тоа кога и каде одат на одмор, какви патики носат и каде работат мама или тато. Чест на исклучоци.

Стравувам дека во еден таков свет, моите деца ќе бидат потценувани, омаловажувани, исмевани...

„Ти не може да се дружиш со нас, затоа што немаш патики со знакче“, „Ти не си за со нас, мајка ти не носи нова чанта“, „Ајде оди си таму, мајка ти е од село“ – Се прашувам од каде знаат децата да говорат вака? Научиле на телевизија, или на таблет, или ги слушаат родителите? Што мислите вие?

Ете ви тема за размислување: Што правите во моментов и што ќе прават вашите деца во иднина? Во каков свет живеете и каков свет сакате да им оставите на вашите деца?

Јас не верувам дека и годинава ќе успеам да одам на одмор... Но, затоа ќе ги следам вашите фотографии и не, нема да ви завидувам, туку ќе ви се восхитувам и ќе сонувам. Можеби еден ден моите деца ќе имаат можност да отидат таму.

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело / фото: depositphotos / freepik

Би можело да ве интересира:

„Не ја земаш за жена само за да ти роди деца и да ти пере гаќи“ „Не ја земаш за жена само за да ти роди деца. Ниту за да ти готви ручек секој де...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
Пријателке, бегај од луѓе кои носат мрак во себе! Пријателке, бегај од луѓе кои носат мрак во себе. Ти си светлина, но прифати дек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg