„Нема кој да исчисти, ама нема ниту кој да збори дека ме мрзи да чистам“ - За или против за живот со свекрва

Приказните од типот „свекрви и снаи“ се стари колку времето. Ретки се случаите кога свекрвите и снаите добро се сложуваат, а почести се оние кога една зад друга си говорат зад грб.

Nema-koj-da-ischisti-ama-nema-nitu-koj-da-zbori-deka-me-mrzi-da-chistam-zivot-so-ili-bez-svekrva-01.jpg

„Еј да ја видиш снаата, не знае да зготви, не пере, не чисти по дома – јас на стари години сè морам да работам.“ „Леле, свекрва ми, ама е здодевна, абе само се јавува или ми доаѓа и не размислува, ама само гледа кавга да ми направи...“

Позната ситуација. Актерите се познати, а сите имаме свое видување. Јас живеам без свекрва со години, па еве една мала рекапитулација на она што ми недостасува и за што би требало да размислат оние што одвај чекаат да живеат без свекрва.

1. Ако немате свекрва тоа значи дека немате кој да ви стои над глава. Имате приватност, нема кој да ви говори што треба или што не треба да правите.

2. Кога си доаѓам од работа, веќе ме чекаат три гладни усти. Тоа што нема кој да зготви (да се разбереме, сопругот се труди, ама дефинитивно не му оди) значи дека јас треба или навечер да направам јадење или со „брзина на светлината“ да зготвам нешто брзо, или да купам готова храна... Доброто е што јас избирам што ќе се јаде по дома.

3. Нема кој да ми помогне во перење и во пеглање – Тоа значи дека најмалку еден ден во неделата го поминувам во борба со алишта. Доброто е што никој нема да ми каже каков прашок за перење да користам, дали е скап или евтин и кога да ја пуштам машината за перење.

4. Излегувам сабајле од дома и како сум ја оставила куќата така и ја наоѓам – нема кој да раскрене. Ако утрото поминало торнадо додека сме се подготвувале да излеземе, штетите си стојат, па јас и сопругот мораме брзо да се организираме, сè да средиме. Пак има и добра страна – нема кој да каже дека не сум исчистила затоа што ме мрзи.

5. Нема кој да помогне со децата – Тоа значи дека еден од нас двајцата е на дежурство. Ако јас имам работа, сопругот внимава на нив или обратно, а со две деца на возраст под три години тоа значи дека нема одмор. Доброто е што јас и сопругот одлучуваме како ќе ги одгледуваме и ќе ги воспитуваме децата.

6. Излегување од дома – значи излегување со целото семејство. Со други зборови, затоа што нема кој да ги причува децата, тоа значи дека каде и да одиме мора да ги носиме со нас. Сепак, децата брзо растат – за брзо време нема ниту да сакаат да доаѓаат со нас. На овој начин го користиме целото време да го поминеме заедно.

И што мислите вие? Подобро е да се живее со или без свекрва? Јасно е дека сите имаме свои видувања на оваа тема. Јас искрено жалам што немав можност да ја запознаам мајката на сопругот и сметам дека во голема мера животот ќе ми бил полесен доколку и таа била со нас, но што е тука е...

Затоа, кога размислувате за живот без свекрва ставете убаво сè на кантар и премерете. Како и за сè друго, така и за ова – добро е да ги имате предвид сите предности и сите недостатоци.

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело

Фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Не истурај го гневот врз родителите, не труди се да им се допаднеш на сите“ – Што би ѝ порачала на ... Немој по секоја цена да се менуваш за да им се допаднеш на другите. Ќе сфат...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg