А од каде знаеш дека мој Петар нема да открие лек за рак? - Па прво нека научи да си намачка паштета на леб

Мое си е детето, тоа е мое дете, ти немој да ми кажуваш за МОЕ дете! Ова е реченица која постојано ја слушам од познати и искрено ми е дојдено преку глава.

A-od-kade-znaes-deka-moj-Petar-nema-da-otkrie-lek-za-rak-01.jpg

Немој случајно да мислите дека некој се затрчал по вашето дете. Никој нема да ви го украде. Уште не сум запознала никој што го започнал разговорот со: леле, колку сакам да го имам тоа разгалено, плачливо и невоспитано дете!

Коментарите што ги добивате за децата се најчесто испровоцирани од вашето однесување. Сите тие бескрајно, досадни приказни на кои не им доаѓа крајот, додека сите други околу вас не може да дојдат до збор. Со часови слушаме за тоа колку Мила е паметна и на само 2 години умее сама да си пушти некаква си игричка на таблетот или на мобилниот.

Ептен е паметна. И бабата на другар ми на 70 и кусур има Фејсбук што активно го „барата“ и знае да стисне 3 копчиња. Во ред е, никој од нив не е следниот пронаоѓач на лек против рак.

„А од каде знаеш пак дека мојот Петар нема да најде лек против рак?“ Па да речеме дека сум 99% сигурна дека нема. Но, еве, го оставаме тој 1% надеж дека Петар кој со цели 12 години не може сам да си намачка паштета на леб, ќе биде голем изумител.

Чуден свет е овој. Дечиња кои навистина имаат потенцијал се занемаруваат, се игнорираат и маргинализираат. Сосема просечни пак, кои навистина не може да направат разлика помеѓу основни работи, се глорифицираат и се буткаат напред.

Дечињата не се виновни за ништо. Вие сте виновни. Им всадувате во главите дека може да бидат сè што ќе посакаат. Не може да бидат сè што ќе им падне на памет доколку немаат талент и не работат напорно и вредно.

Или мислите дека со парите можете да им ги купите соништата? Или уште поверојатно – преку нив да ги остварите сите ваши желби кои не сте успеале да ги реализирате?

Резултатот на сето ова се просечни, незаинтересирани деца кои се буткани од вашите неостварени желби и фрустрации. Тие се нервозни и раздразливи со добра причина. Вие не ги оставате да дишат. Да си имаат нормално детство. Да си уживаат и да се занимаваат со сосема детски работи.

Не, тие постојано мора да трчаат некаде, на некакви работилници, курсеви, дополнителни часови и пожелно е материјалот од следната година да го имаат веќе поминато. Сите мора да се мали генијалци и да не остане ниту едно со четворка. Сите да се петки во низа, по секоја цена.

Од друга страна, ги лишувате од најосновни задачи и задолженија. Тие не мора да си го местат креветот. Не мора да си ги собираат играчките. Не мора да внимаваат на облеката, секако имаат и повеќе од доволно и во секој момент знаат дека ќе им купите нова. Не мора да внимаваат на работите, сè тоа е потрошно и создадено за уништување.

Не мора сами да си подготвуваат за јадење, макар и една обична ужинка. Тука сте за сите овие работи. На крајот, едно утро се будите, вашето дете има 25 години и му е срам да заѕвони на телефон и да праша што документи се потребни за да аплицира на оглас за вработување.

Па вие го правите тоа наместо него. Само уште вие да се појавите на интервјуто и да ја добиете работата. Па свечено да му ја предадете.

Не мора детето да посетува 100 курсеви, да знае течно да зборува 3 јазици и да програмира од 6-годишна возраст. Додека е мало, научете го да знае да си направи нешто за јадење. Научете го дека таблетот и мобилниот не се почетокот и крајот на светот.

Надвор од влезната врата има цел еден свет што чека да биде откриен. Дека има природа, дека има другарчиња, дека богатството е да ги има и да биде со нив.

Научете го дека постојат успеси, но и неуспеси. И дека во некои работи е супер, а за други е „труп“ и тоа е сосема во ред.

Но, пред сè останато, воспитајте го. И научете го да биде човек.

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

„Не истурај го гневот врз родителите, не труди се да им се допаднеш на сите“ – Што би ѝ порачала на ... Немој по секоја цена да се менуваш за да им се допаднеш на другите. Ќе сфат...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg