Бев на детски роденден полуксузен од мојата свадба – се прашувам што ќе го усреќи славеникот за 5 или 10 години?
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
продавач 17-09-2021


Бев на детски роденден полуксузен од мојата свадба – се прашувам што ќе го усреќи славеникот за 5 или 10 години?

Неодамна бев поканета на шестиот роденден на детето на мои блиски пријатели. Ајде да речеме дека пандемијата по малку нè мрдна сите од умот и како да го изгубивме осетот за реалноста и си ја искрививме перцепцијата на нештата.

Detski-rodenden-poluksuzen-od-svadba-01.jpg

Ајде да речеме дека ни е простено на сите. Имавме очајна, тешка година која неочекувано се раздолжи и во втора, а никако не се гледа светлото на крајот од тунелот. Па можеби сите правиме поекстравагантни работи со надеж дека малку ќе си ѝ олесниме на душичката.

Но, моите пријатели отишле ниво над екстравагантното. Да не кажам 10 нивоа.

Роденден на отворено, со луксузни декорации и богати украсени маси. Со гости колку една малечка свадба.

Славеникот се изгуби во морето балони, брендиран од глава до петици. Како да знае на 6 години дали фармерките што ги носи се Армани или од Бит пазар. Мајката облечена во балски фустан како за на црвен тепих што мака измачи со штиклите на тревникот.

Таткото по малку збунет и се препотува, не му е јасно од каде излегоа сите овие ѕинѕурци на прославата. Само веројатно знае колку скапо ќе го чинат.

Не го зборувам ова со горчина или љубомора. Така сакале – така си направиле, нивен избор. Мене потегот ми се чини нелогичен, непотребен и смешен, еден таков искрен, наивен момент од детството каде што мајка ти очигледно сака да ти го украде вниманието.

Јас бев поканета и се појавив со мојот подарок, а откако го увидов размерот на прославата сфатив колку мојот грижливо спакуван пакет е минорен наспрема раскошот.

Она што мене ме загрижува е – што ќе го усреќи тоа дете? Што да му однесеш на детето со роденденска прослава од 5 илјади евра? Мојот подарок сигурно нема да му направи никаква разлика, ниту ќе му измами насмевка и задоволство. Дури и тој од родителите ќе му се здодее за 5 дена. Затоа што тоа дете има практично сè. И многу брзо се заситува од нештата.

Тоа дете нема потреба да фантазира со месеци за некаков подарок. Или да штеди за истиот, па да му се израдува со солзи радосници откако конечно ќе го добие. Тоа дете има сè на послужавник и сите ние со нашите мали, евтини подароци му изгледаме смешно и досадно.

Ако сега на 6 години има ваква прослава, што ќе се случи за 5 или 10 години? Што ќе го израдува или задоволи тоа дете? Во трката за самодокажување и желбата за покажување ги лишувате децата од моментите на чиста среќа.

Затоа што не знаат како е да плачеш за некоја играчка, да ја сонуваш со недели. Да помагаш по дома за да се купи. На крајот кога конечно ќе ја добиеш, да не сакаш да се одделиш, да спиеш и да јадеш со неа. Да држиш во рацете нешто така малечко, а скапоцено, нешто што ти причинува толку задоволство, нешто што си го заслужил.

Тој момент вашите деца нема да го почувствуваат никогаш. Никој не ви љубомори на гламурозните, помпезни детски прослави. Само ни е жал што сето богатство ќе ви ги направи децата сиромашни.

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Текст и фото: (О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Последниот ден на мојот најверен пријател дојде без најава... Беше типично утро во вторник, истата рутина наутро, со кафе во рака листав утрин...
Немаш ли 500 евра за во плико, не си печен да бидеш кум Пред неколку години, пријател од друштвото нè замоли да му бидеме кумови. Ние, с...
„Животот на жената вистински почнува во 40-тите, дотогаш само истражуваме“ Сите жени кои имаат над 40 години: Опуштете се и климајте со главите. Сите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg