Тие носеа исти чевли 5 години за вие да имате нови патики и ранец – а вие немате време ни да ги ѕирнете?

Семејството е основа на секое општество. Родителите - наше засолниште, луѓето од кои учиме различни лекции - од првите чекори до најважните сознанија за животот.

Tie-nosea-isti-chevli-5-godini-za-vie-da-imate-novi-patiki-i-ranec-vo-uchilishte-a-vie-nemate-vreme-ni-da-gi-zirnete 01 630x330.jpg

Тие се неисцрпен извор на љубов, внимание, поддршка и инспирација.

Подгответе се за приказна на жена, мајка, а воедно и ќерка со чија искреност и вистинитост ќе ги разбуди најубавите емоции во вас.

„Сине мој...“ - Изговорено многупати, лесно земено „здраво за готово“, не признавајќи дека го разбирав значењето на тој збор - сѐ додека не станав родител.

Во исто време зборови од моето детство кои содржат гордост и болка, љубов и среќа, маки и добрина.

Сега кога ја добив оваа животна улога, размислувам за тоа колку љубов ви треба за да не го кренете тонот на детето целиот живот, да го воспитувате со љубов, да бидете пример, а воедно и авторитет.

Колку непроспиени ноќи, прикажани задачи, приказни и објаснувања беа потребни.

Ги гледам моите деца и размислувам дека и тие нема да знаат колку време им требало - сѐ додека не станат родители.

И тогаш, кога ќе видите кој сте, какво дете сте биле и колку време било потребно…

Понекогаш ќе чуев и „ќерко драга“, но да бидам искрена поприродно звучеше зборот „сине“ и никогаш не се лутев поради тоа.

Колку жртви, маки и болки требало да помине еден човек за да бидам тука денес.

А јас понекогаш си земам за право да бидам толку себично лута на некој совет, да не одвојам половина час за да им се јавам на родителите, да не „тркнам“ да се напијам кафе со нив после работа, бидејќи наводно - ми треба малку време за мене.

Ним не им требало време за самите себеси, нели?! За нив не постоел живот во кој немало време и простор за нас.

Тие ги исполнуваа речиси сите наши каприци, нѐ тешеа и издигнуваа тогаш кога беше потребно, се откажаа од сѐ за да нѐ добијат мене и брат ми.

Ги пронајдовте и вашите родители, зарем не?!

И тие поминувале безброј непреспани ноќи, исплашени и будни, а денес не бараат ништо од вас, само малку од вашето време, а вие како и сите нас, проклето себични – не можеме да го одвоиме.

Можеме, но едноставно не сакаме да се разделиме од себичноста и оставаме лажните „приоритети“ да го завладеат нашиот ум.

Нека сила некоја одозгора ме предупреди во секој момент кога се колебам да направам јасна разлика помеѓу суштинското и помалку важното во животот.

Меѓу оние што нѐ носеа 9 месеци и загубија половина здравје со тоа што секоја вечер непрекинато „бдееја“ над нас – и оние со празните приказни кои едно мислат, друго говорат, а трето прават.

Меѓу оние кои носеа исти чевли 5 години за вие да имате нови патики и ранец секоја училишна година.

Меѓу оние што ве отфрлаат веднаш штом не ви требаат и немаат корист од вас, и оние кои со нарушена здравствена состојба велат: „Добро сум и можам да ти помогнам за сѐ што ти треба“.

Простете ми, драги мои родители. За себичноста, суетата и сѐ што макар на миг ме одвело премногу далеку од вас.

Простете ми што скитав некаде помеѓу она што знаев дека треба да го направам и она што ме влечеше на другата страна.

Сакам да ви се заблагодарам, да ви дадам дел од моето време, дел од себе, како што вие го дадовте и сѐ уште го давате - најдоброто од себе.

Не сакам да му дадам повеќе трошки од масата на оној што заслужува многу повеќе, најмногу.

На оној што заслужува да биде на тронот на мојата животна трпеза.

Пред да биде предоцна…

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Не истурај го гневот врз родителите, не труди се да им се допаднеш на сите“ – Што би ѝ порачала на ... Немој по секоја цена да се менуваш за да им се допаднеш на другите. Ќе сфат...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg