Не може макијато да ми наплаќаш 90 денари и да ме послужиш со ужасно кафе во шолја со кармин

Не може да ми носиш чаша со остаток од кармин на неа, од некоја претходна клиентка. Не може цедениот портокал да ми го служиш како вода со вкус на портокал со 27 коцки мраз, затоа што штедиш, а ми го наплаќаш како „еден бубрег“.

ne-mozhe-makijato-da-mi-naplakjash-80-denari-i-da-me-posluzhish-so-uzhasno-kafe-vo-sholja-so-karmin-01.jpg

Ги посетувате ли често кафулињата во вашиот град? Има ли работи кои на дневна база ве вадат од такт?

Мене да!

Дел од најиритантните работи во македонските кафулиња:

Не може макијато да ми наплаќаш 90 (70/80/100) денари и да ми послужиш ужасно кафе затоа што штедиш и го купуваш најнеквалитетното.

Не може тоалетот да биде толку нечист што во најмала рака предизвикува згрозување.

Не може постојано да имаш нов шанкер и секогаш некој на мене да се учи како се прави кафе.

Не може да ми носиш чаша со остаток од кармин на неа, од некоја претходна клиентка.

Не може да не вложуваш ништо во реновирање на ентериерот, а цените да ги зголемуваш како од шега постојано.

Не може цедениот портокал да ми го служиш како вода со вкус на портокал со 27 коцки мраз, затоа што штедиш.

Не може да ми го служиш кафето во исчукани шолји и да не вложуваш во нови.

Не може на масата да има флеки од пред 3 дена и да не ја пребришеш и дезинфицираш.

Не може да служиш салеп, а да немаш цимет кога ќе ти побарам.

Не може да го молам келнерот/ката за да направам нарачка, а потоа да го молам и за сметка да добијам.

Не може да ме крадеш и да ми натпишуваш кафиња на сметката, особено затоа што сум ти редовен клиент (а и да не сум ти – не може!).

Не може менито да ти е старо 10 години, да е извиткано, нечисто и да ми е страв да го допрам.

Не може да не пушташ греалки и да штедиш на струја кога терасата ти е преполна со клиенти, кои ти оставаат пари.

Многу работи не може...

Ама, за жал, во Македонија изгледа сè може.

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мајка прави совршени фотки на базен, си зборува на телефон и не ја погледнува ќеркичката што ја моли... Колку е тажно тоа. Пред неколку дена, додека бев на базен, видов млада мајк...
Леле оној неамбициозен, онаа само на шетање мисли - „Кадијо“, пронајди ја среќата во себе и имај сво...   „Кадијо, што судиш за туѓите живот! Денес здравата психа е благослов од ...
Српски писател: „Девојка ми префрли 50 евра на сметка - разговорот со мене ѝ помогнал повеќе од псих... „Понекогаш сè што треба е да бидеш подготвен да се отвориш и луѓето да ти с...
„Не ја води секоја битка - замини за да се поштедиш себеси“ Зрелоста не значи дека секогаш треба да го имате последниот збор. Зрелост е кога...
Кога си го пронајдов вистинскиот маж, животот стана полесен - дури и кога бури беснеат Тој е маж што го сака домот, маж за кој замислата за среќа е да минува време со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg