Браво за македонските актери што блескаат во српските серии и филмови – горди сме!

bravo-za-makedonskite-akteri-shto-bleskaat-vo-srpskite-serii-i-filmovi-gordi-sme-01.jpgФото: Фејсбук Никола Ристановски, Фејсбук Камка Тоциновски, Инстаграм Тони Михајловски

Никола Ристановски, Тони Михајловски, Камка Тоциновски се дел од врвните македонски актерски имиња за чиј талент слушна и регионот.

Наши актери кои се најдоа во значајни улоги во српските серии и филмови.

На големиот српски пазар кој нуди таков раскош од уметници, нашите актери успеаја да го извојуваат своето место, благодарение само на својот талент.

Тие нѐ прават горди со секое свое појавување.

И кога гледаме како доминираат со својата појава и беспрекорна глума во некои од српските серии/филмови, убаво ни е на душата.

Сакаме да кажеме – да, тие се НАШИ, да тие се НАША ГОРДОСТ, да среќни сме што имаме УМЕТНИЦИ ОД ВРВЕН КОВ. Среќни сме што потекнуваме од исто парче земја.

Квалитетот на уметниците од Македонија често е препознаен и награден на страна, но и ние самите не треба да заборавиме да им кажеме браво, да ги пофалиме, да им посочиме дека гледаме колку напорно работат и како од ден на ден се надградуваат и растат.

Тие се гордоста на Македонија, тие се оние на чии плеќи се гради уметноста кај нас.

Мора да им бидеме ветер во грб, затоа што направија големи дела, а уште поголеми допрва претстојат пред нив.

Браво! Само продолжете да бидете наше огледало пред светот...

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Виктор Апостоловски за CRNOBELO лексикон: „Сопругата ми е најдобра другарка веќе 6 години“ „Па ти во живо си бил како нас, јас те замислував како 2 и пол метра маж, лепота...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„И по 27 години ми одѕвонува во глава пеењето на Тоше на нашата прва средба - се сеќавам на секој де... Од денешен аспект, сфаќам дека таа сабота, 6 март 1999 година, за мене е „голема...
„Мојата жена нема да оди на работа - твоето место е дома!“ Ви се случило ли да влезете во врска каде што тој заработува помалку од вас? Или...
„Ако жена денес објави ваква фотка на Инстаграм ќе добие куп критики – Софија Лорен е симбол за секс... Софија Лорен јаде тестенини, пие црвено вино, ужива во животот и воодушевува со ...

Најчитани неделава