Спушти се на земја и прибери си го егото – не, не флертувам со тебе, само сум љубезна

Од страв да не ве етикетираат како кучка, фригидна, безобразна, надмена, арогантна, а генерално поради доброто домашно воспитување кое подразбира љубезност, почит и емпатија кон другите луѓе, многу мажи денес ја мешаат нормалната женска љубезност со флерт. Дотолку, што си дозволуваат физички акции или во најмала рака невкусни коментари, било во живо или на интернет, само затоа што им се завртело во главата дека ви се допаѓаат.

Ne-flertuvam-so-tebe-samo-sum-ljubezna-01.jpg

Еве, оваа ми се насмевна, мора да ѝ се свиѓам. Се смееше на мојата шега, сигурно е луда по мене. Ми прави муабет подолго од 3 минути – брат, сака „да ми даде!“

Никој ништо не сака да ви даде. Освен малку внимание за да не се чувствувате како тотален губитник. Најголем дел од жените се насмевнуваат од чиста љубезност.

Да не биде ситуацијата уште понепријатна. Тоа што вие ваквите ситни сигнали ги толкувате како слепа вљубеност си е исклучиво ваш проблем.

„Еј маче, изгледаш топ, би се изгубил во твоите прекрасни сини очи“. Коментар на Инстаграм, на кој девојката не возвраќа најчесто ништо, за по 5 минути да добие лавина лоши коментари: „Што се занесуваш ма, краво една! Можеш само да молиш за некој како мене! Мислиш немам пари, мислиш не знам по што трчате сите?! О*оспии!“

Не дај Боже некој да ви го „брецне“ егото и да не ви возврати со сценариото што го посакувате.

Тогаш сите сме уличарки, простачки, фригидни и никој не фрла ни мрсул на нас, а до пред само 3 минути бевме – принцези, кралици, најзгодни, најубави, мистични, со нешто што „не се опишува со зборови“.

Мислите дека некоја девојка или жена ви е должна нешто само затоа што сте ѝ дале комплимент, сте решиле да ја почестите пијалак или сте ѝ посакале едно добро утро како најнормално човечко суштество? Никој не ви должи ништо.

Наместо да се кревате во облаци спуштете си го егото на земја. Не секоја жена што е љубезна флертува со вас и сака да ви се пикне во гаќите.

И не мора за една нејзина насмевка од куртоазија да си правите филмови како плаче по вас. Жените си имаат доволно проблеми и без ваквите филмаџии.

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

 (О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg