Зошто дете од 4 години да знае за брендирани патики со воздушно перниче и светки и да плаче зошто нема Ајфон?

„Денес ќерка ми си дојде со насолзени очи. Хулахопките ѝ биле малку скинати и некое друго девојче ѝ рекло – зошто имаш скинати хулахопки, дома сиромашни сте?“ - Ова, за жал, се вистински сведоштва од нашето секојдневие. Помислете само, на еден момент, како им е на тие деца што немаат толку многу и како им е на тие родители што ги пуштаат децата на училиште со 50 денари во џебот? Немате време, знам...

Zosto-dete-od-4-godini-da-place-za-Ajfon-01.jpg

„Во групата на детето во градинка почнуваат класни поделби меѓу самите деца. Нели се бе мали. Ми вика сакам Адидас тренерки и патики едни со воздушно перниче и едни што светкаат. Некој ѝ рекол не ѝ биле оригинални патиките, ѝ тропале. Зошто дете од 4 години да знае за ова?“ - гласи еден твит кој неодамна го прочитав.

„Денес ќерка ми си дојде со насолзени очи. Хулахопките ѝ биле малку скинати и некое друго девојче ѝ рекло – зошто имаш скинати хулахопки, дома сиромашни сте?“ - слушнав од пријатели.

„Нашата ќерка има 4 години и оди во градинка, дома значи никогаш не разговараме за марки и слично. Еден ден од татко ѝ побара Ајфон, уште ни објаснуваше како изгледа, со гризнато јаболко телефон, ние се чудевме, а сигурно децата зборувале таму…“ - гласи дел од порака испратена до Инстаграм профилот Мои финансии, објавена на Стори. 

Ова, за жал, не се измислени приказни, туку вистински сведоштва од нашето секојдневие. Ние целосно си го загубивме разумот.

Не знам за што компензираме, за нашите недолекувани трауми, неостварени желби и скриени комплекси од детството или пак од пуста желба да им удоволиме на децата по цена да отидеме и 5 плати во минус, ама сме на патека кон пеколот поплочена со добри намери, но лоши последици.

Не знам кој ви е поривот детска градинка, основно или средно училиште да ви бидат арена за одмерување на финансиска моќ, додека децата го користите како некои пиони во играва, но не води кон ништо добро.

Напротив, градиме општество без никакви вредности, нешто што е труло и гнило, без грам чувства за другите и никаква емпатија кон оние кои имаат многу помалку или речиси ништо.

Што ве мотивира да му купите Ајфон на 5-годишно дете?

„Јас порано немав ништо, моето дете ќе има сè!“, „Нека пукнат душманите зашто моето дете има скап телефон, другите немаат“ или најдобриот аргумент „Ќути ма глупава коза, ти да не му го купи, НА МОЕ ДЕТЕ ќе му дадам што сакам јас!“

Освен лошо воспитување и задојување со лоши вредности, не му давате апсолутно ништо друго.

И покрај годината која ја живуркаме, 2022, децата на крајот од денот си се сè уште деца, сакаат друштво, игра, другарчиња…

Ќе се изненадите со колку едноставни работи се задоволуваат и колку едноставни нешта ги прават среќни.

Доволно е само да им посветите време и внимание за да откриете дека не мора да ги „подмитувате“ со Ајфони, најскапите патики, плејстејшни и автомобилчиња на акумулатори.

Детето си е „празна табла“ и вие решавате да ја испишете со марки, брендови, со муабети за пари, кој колку имал и немал, па ти каков роденден имаше, ајде да видам дали мајката и таткото на Мери ќе ѝ направат таков некогаш… или каде ќе те носиме на скијање или пливање, па другите деца сонуваат за таму и не стапнале подалеку од еден Охрид.

Смешно е во држава во која одвај се изборивме за 300 евра минимална плата да зборуваме за некакви си величини, стил, гламур и крем на општеството.

Грев е луѓе, сериозно е грев и кој не го гледа или признава тоа е толку игнорантен и инфантилен, што ми паѓа жал за вас.

Никој не ви е љубоморен, мене искрено ми е жал за сите ваши искривени вредности, за неукоста, за работите што ги имате, а се работи кои се купуваат само со пари.

Жал ми е што сте така пусти и празни, што создавате мини клонови на вас и ги учите децата на толку погрешни работи, што сте опседнати со себе, со самодокажување, со пари и брендови и деца во градинка што носат Адидас патики од 100 евра и Ајфони од 1000 евра.

Жал ми е што сте слика и прилика на денешното време, што градите едно искриволчено општество и растете генерации што уште толку ќе ги црвјосаат скапаните штици на кои одвај се држи оваа карикатура од држава.

Помислете само, на еден момент, како им е на тие деца што немаат толку многу и како им е на тие родители што ги пуштаат децата на училиште со 50 денари во џебот?

Што се пребројуваат – патики или фармерки месецов, што буквално си кратат оброци за да се скрпи некако тоа семејство. Сте размислиле ли?

Немате време, ве разбирам. Штета што тој паметен часовник што го носите на раката, и што покажува сè од А до Ш, нема бројач за човековата глупост.

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

 (О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Не истурај го гневот врз родителите, не труди се да им се допаднеш на сите“ – Што би ѝ порачала на ... Немој по секоја цена да се менуваш за да им се допаднеш на другите. Ќе сфат...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Баба Рога, самовили, страшни кловнови: Со што сè нè плашеа како деца? Пред неколку вечери, нешто пред полноќ, се возев во градски автобус, минувајќи г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg