Што ви смета дали некој нуди плата 12.000 за чување на дете? Нивно е да понудат, ваше е да одбиете

Форуми и социјални онлајн групи – Корисни совети или место за критика? Колку често имате прашања кои сакате да бидат одговорени сега и веднаш? Па, наместо да се консултирате со стручно лице, користите попрактичен метод со објава на пост или тема на платформа или социјален медиум? 

prasuvam-za-da-dobijam-odgovor-a-ne-kritika-01.jpg

Со обичнo пребарување на Google, веќе имате безброј сведоштва, искуства, совети и коментари од компетентни, но и од обични луѓе кои имаат да споделат по некој совет. Или најчесто да дадат критика на прашањето, формулацијата и слично.  

Па така, колку што може да ти помогне објавувањето, толку може и да ти го расипе денот од сите зли јазици кои само чекаат содржина на која може да искритикуваат и да пренесат лоша енергија?

Веќе секој си дава право да може да коментира за секого и за сè нешто. Имаш слобода да седнеш пред компјутер и да напишеш што сакаш, но дали истото би го кажал во средба очи во очи?

Дали и во реалноста си толку отворен и транспарентен, искрен во излагањето и понекогаш дрзок со коментарот или полесно е виртуелно?

Што ви смета дали некој нуди плата 12.000 за чување на дете? Нивно е да понудат, ваше е да одбиете. 

Зошто да оправате луѓе кои сакаат блискиот да го однесат во дом за стари лица? Мислите дека тие веќе немаат грижа на совест и не се чувствуваат лошо? 

Со кое право критикуваш жена која одлучила своите пари да ги даде за породување во приватна болница? И дали воопшто знаеш зошто одлучила да оди баш таму? Не знаеш, а и не треба да те интересира.  

Виртуелните опции се лесен начин да си кажеш сè што имаш. 80 проценти од луѓето се далеку од проектираната слика што ја прикажуваат онлајн.

Па, така најповлечениот пријател што седи на крајот на масата и само слуша и апсорбира, ја користи секоја можна ситуација во вирутелниот простор да биде најгласен и далеку чуен.

Доколку односот ти е надмен и дрзок, нема да добиеш ништо, напротив можеш само да изгубиш. Тоа е знак на немоќ и ниска самодоверба.

Форумите и социјалните групи во дадени ситуации повеќе одмагаат, отколку што се корисни. Цел свет користи форуми за да се информира, а не да шири говор на омраза.

Лечење комплекси и фрустрации не вродуваат со плод, напротив прават само бариера меѓу луѓето и ги оттуѓуваат. Па така, и тој што се охрабрил да пише, веќе нема да сака да учествува во ниту една дискусија. 

А овие дискусии, и те како некогаш може да ти дадат корисен совет. Ако знаеш како правило да го искористиш.  

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Фото - Архива            М. У. Т. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
Некои луѓе се чудо - знаат сè за сите, кој се скарал, кој кого оставил, кого го расипале парите Некои луѓе се навистина неверојатни… Сѐ знаат – за сите. Знаат кој се скарал, ко...
Откако станав мајка, многу работи ми се пеколно тешки, но никогаш повеќе не сум се смеела до солзи Откако станав мајка добив таков огромен товар на неочекувани обврски и незамисли...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...
Пријателке, бегај од луѓе кои носат мрак во себе! Пријателке, бегај од луѓе кои носат мрак во себе. Ти си светлина, но прифати дек...
„На крајот од животот, успех не е тоа колку си имал, туку колку светлина си оставил зад себе“ „Човекот не се памети само по тоа што го направил, туку по тоа како се чувствува...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg