Гости некогаш (ти доаѓааат ненајавено на врата) vs. гости денес (трошиш половина плата и ги рибаш фугите во тоалетот)

 „Треба гости да ми дојдат... Што да подготвам? Треба да средам, исчистам, раскренам.“ Кога гостите станаа повеќе обврска отколку задоволство? Кога оваа убава социјализација прерасна во товар? 

gosti-nekogash-ti-doagjaaat-nenajaveno-na-vrata-vs-gosti-denes-troshish-polovina-plata-i-gi-ribash-fugite-vo-toaletot-01.jpgФото (лево): Инстаграм Ретро Скопје

Ние растевме во домови каде што гостите беа радост. Растевме меѓу луѓе, во врева, хаос од играчки, детски џагор. Добро познатата реплика беше секаде употребувана – „Не го јади тоа, тоа е за гостите”. 

Нормално, ти со душа чекаш да дојдат гостите и да седнат на трпеза за да почнеш да јадеш, зошто баш тогаш сè ти е вкусно и сè сакаш да пробаш.

Некогаш не мораше ни да спремаш многу за гостите. Едноставно кафе и сокче, добро поминато време и дружба.  

Сега дојдоа други времиња. Времиња кога доаѓаш дома преморен, одвај чекаш да облечеш пижами и да седнеш пред телевизор.

Сè  што бараш е мир во куќа, тишина и спокој. По некоја разменета порака со пријатели – „Треба да се видиме”. „Да, да обавезно, кога?” и на „Кога?” најчесто завршува дискусијата.

Додека, доколку се договориш, тоа веројатно е однапред утврдено со ден и час, како не би се поклопило или пореметило нечиј распоред. Без многу оптоварување, без некој ентузијазам.

Само за споредба, сум била многупати сведок на домашна социјализација во помалите места и градови. Секојпат одново се изненадував кога на врата, ненадејно ќе се појават соседи кои биле на поминување, ненајавени, па ќе си седнат во дворче, на по едно кафенце. 

Домаќините ќе ги пречекаат веднаш подготвени, со тазе кафе и домашни колачи, небаре 24/7 се подготвени за гости. Веројатно во помалите места оваа навика е останата и добредојдена.

Кафе муабет со разменети убави зборови. Нема намуртени лица и коментари од типот - „Кај најде баш сега да дојде, не сум облечена, што ќе ги послужиме, не ми е средено..."

Секако, тука е и другата страна од приказната кога имаш најавени гости со или без посебен повод, па следуваат низа активности: темелно чистење на домот, фугите на туш кабината и ходникот, бришење прашина на сè што е видливо, па дури и невидливо, дезинфекција на секоја можна површина – исто како да живееме во музеј.

Следува средување облека, партали, дрангулии, играчки, местење трпеза, спремање храна со денови, евентуално нарачување кетеринг услуги (иако без повод, сепак треба да се угости народот), за на крајот да дојдат гостите и да се изгуби магијата на дружбата, да се сведе на импресионираност од храната, средениот дом, небаре секаде рози цветаат. 

Трошокот на денешните гости тежи нешто повеќе од чоколатца и турско кафе. Имаш топли даски, ладни даски со деликатеси, похованици, месо, сортни пијалаци, скапи вина, апетисани, аперативи и сè е во огромна количина, без оглед што луѓето се тука само 2 часа.

Тие 2 часа чинат цело богатство. И сето тоа за да се покажеш, докажеш кој си, кај си и што си. За кого?

Овие ковид години, резултираа со создавање на практични луѓе. Сите веќе ги избегнуваат домашните собиранки.

Си седнуваш во ресторан, кафетерија, слаткарница. Честиш, те честат или делиш сметка.

Излегуваш насмеан и задоволен, со надеж за идна средба во блиска иднина, а во себе си мислиш - „Аман бе какво време дојде, да требаше да ги соберам гостиве дома, ќе требаше да оставам половина плата."

Но, всушност нема потреба од тоа, само така си наметнавме... А мене искрено душа ме боли за старите, добри собиранки по дома. Има ли нешто поубаво?

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

М.У.Т. | Црнобело

фото: pexels.com / pixabay.com

Би можело да ве интересира:

Се ежам од луѓе слабаци Се ежам од луѓе слабаци, кукавици. Онакви несигурни, чиниш скршени, кои никогаш ...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...
Луѓето ќе ви зборуваат за вашето дете, но не ги слушајте... Јасно и гласно ќе ви кажат дека не треба да го лулате бебето за да заспие, а пот...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Заблуда е дека можеш да ги задржиш луѓето, кога сакаат да си одат од твојот живот Заблуда е дека можеш да ги задржиш луѓето, кога сакаат да си одат. Можеш само да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg