„Имам траума од корпоративни забави од кич колешката и пијаниот колега кој не знаеше што зборува“

„Е, тука се издвојуваат оние колеги за кои 'кога е гага и киселината е блага'... На секоја ваква забава има такви луѓе, кои успешно се посрамотуваат себе и целата фирма и неретко ја уништуваат целата забава со инциденти и несоодветно однесување. Имајќи предвид дека заради ковидот овие журки беа изоставени, којзнае што нè чека оваа година...“

imam-trauma-od-korporativni-zabavi-od-kich-koleshkata-i-pijaniot-kolega-koj-ne-znaeshe-shto-zboruva-01.jpg

Почна сезона на долгоочекуваните корпоративни предновогодишни забави. Фирмите кои имаат повеќе пари организираат дружба за своите вработени во опуштена атмосфера, каде вработените можат да свртат разговор кој не е за работа и да уживаат.

Има луѓе кои сметаат дека овие забави се залудно трошење пари и време поминато со луѓе кои им се „преку глава“ затоа што ги гледаат повеќе отколку семејството.

Мене овие забави ми се супер и дури се дел од науката за организациското однесување и мотивацијата како дел од него, бидејќи овозможуваат луѓето од различни сектори да се запознаат, зближат и тоа многу влијае врз кохезивноста на тимот.

Многу значи и тоа што тука можеме да ги видиме колегите и во поинакво светло, освен професионалното.

Е, тука се издвојуваат оние колеги за кои „кога е гага и киселината е блага“...

На секоја ваква забава има такви луѓе, кои успешно се посрамотуваат себе и целата фирма и неретко ја уништуваат целата забава со инциденти и несоодветно однесување. Имајќи предвид дека заради ковидот овие журки беа изоставени, којзнае што нè чека оваа година.

Последната предновогодишна забава ја имавме пред пандемијата и поминавме со „само“ два инциденти.

Прво, еден колега толку беше воодушевен што сè е бесплатно и неограничено, што се опијани до степен да не знае што прави и што зборува. Им се внесуваше во лице на сите, наздравување на секои 2 минути, им се додворуваше на сите жени и пееше на цел глас некои народни песни, и покрај тоа што забавата беше со диџеј. На сите ни правеше непријатно.

Уште работи со нас, ама изгледа годинава под надзор ќе пие на забавата што ја организираме.

Втората предновогодишна катастрофа беше мојата драга колешка од архива - не знаевме каде да гледаме кога стигна. Кич и невкус до бескрај, здолништето едвај ѝ беше до под гаќи, за изборот на дезени на облеката нема да коментирам.

Мислам дека во еден момент и самата сфати дека личи на ескорт девојка и дека гардеробата ѝ е тотално промашување за каде било, а особено за корпоративна забава.

Не залудно се вели: „Сè во свое време, на свое место и соодветно на пригодата“.

Глупаво е да правиме циркузанти од себе - кога ќе го изгубиме достоинството, нема назад и овој мој текст кој е лично искуство, е доказ дека не се заборава лесно ниту прекланската, ниту било која брука претходно.

Сите ги помниме и со ваквите испади луѓето околу нас комплетно ни го менуваат мислењето кое го имаме за нив.

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

Кара | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
Некои луѓе се чудо - знаат сè за сите, кој се скарал, кој кого оставил, кого го расипале парите Некои луѓе се навистина неверојатни… Сѐ знаат – за сите. Знаат кој се скарал, ко...
Не беше тука за мене, ама можам само да ти кажам – благодарам што ме остави сама... Не беше тука за мене кога се плашев, но можам само да ти кажам благодарам што ме...
Пријателке, бегај од луѓе кои носат мрак во себе! Пријателке, бегај од луѓе кои носат мрак во себе. Ти си светлина, но прифати дек...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...

Најчитани неделава