„Работам во Скопје, но не ми се исплати да живеам тука, па патувам од Велес секој ден”

Во светот честопати ќе сретнеме луѓе кои живеат во внатрешноста и секој ден патуваат до своето работно место во главниот град. И тоа е сосема нормално секаде, освен што е реткост во Македонија. Но, јас си живеам во Велес, а работам во Скопје - зошто одлучив да патувам секој ден?

Rabotam-vo-Skopje-no-ne-mi-se-isplati-da-ziveam-tuka_-02.jpg

Завршив средно училиште во град како што е Велес. Нормално, не е голем град, но не е ни мал. Има сè што е потребно да продолжиш напред, но можност за професионален развој - баш и нема.

И, исто како што сите млади бараат подобар живот, така и јас студирав и почнав да барам работа во мојот град. Ништо по струка, ништо за кое учев и инвестирав во себе.

Тоа ме револтираше и почнав да размислувам за странство. Не бев доволно храбра, ниту финансиски подготвена за таков подвиг, па дојдов во Скопје со намера да се преселам и да почнам од почеток.

Работа најдов за 2 месеци, бев на многу интервјуа. Дел ме одбија бидејќи немав многу работно искуство, на дел не им се допадна фактот што сум од внатрешноста, но на крајот си го најдов моето место под сонцето и сега сум сè уште таму.

Македонска фирма која што ми дава доволно добра заработка за да продолжам напред.

Со пресметката што ја направив сфатив дека повеќе ми се исплати да доаѓам од Велес со организиран превоз на работа, отколку да купам автомобил и да се заглавам во скопскиот метеж. Уште помалку да изнајмам стан и да треба да ја давам целата плата за да опстојам.

Не сум од оние кои по секоја цена бараат живот во поголем град.

Друга работа која можам да ја забележам е поскапиот живот. За истите производи скопјаните плаќаат дупло. Кафето е исто, и тука и во Велес. Бурек е бурек, каде и да го јадеш. Но, во Велес е 60, во Скопје е 90 денари.

За кириите воопшто да не разговараме...

Но, најмногу од сè, причината поради која што не би можела да живеам во Скопје е стресот со кој сè функционира. Пребрзото темпо и секојдневниот метеж на кој никој не е рамнодушен.

Хаосот во продавниците, нетрпението меѓу народот, барањето на такси возило кое може да потрае. Односот на скопјаните со луѓето од внатрешноста или како што нас нè нарекуваат - „провинцијалците”.

Она што го знам е дека од каде и да си, дали е главен град или предградие... Животот е ист, разликата е само во луксузирањето, поскапиот и постресен живот.

Сè друго е исто. Иста храна јадеме, ист јазик зборуваме, ист менталитет делиме.

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

М. У. Т. | Црнобело

фото: pexels.com

Би можело да ве интересира:

За мене Скопје е... мирисот на липи во јуни Скопје е токму ова – мирисот на липа во јуни. Благата арома ги надразнува сетила...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...
Заради местата и луѓето кои ми се драги: Зошто го сакам Скопје? Скопје го сакам најмногу заради спомените и среќните мигови поминати во него и о...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg