„Ова е премногу работа за тие пари“ – распалија по мојот оглас за работа за дадилка на моето дете

„Нудам работа за млад човек, чување на детенце од 1 година, 4 часа дневно” , „Потребно ми е жена за чување на беспомошна старица, плата по договор”... Зошто да не побараме помош онајн кога ни е потребно? Затоа што во Македонија ќе те „распнат“ со коментари и ќе се покаеш.

ova-e-premnogu-rabota-za-tie-pari-raspalija-po-mojot-oglas-za-rabota-za-dadilka-na-moeto-dete-01.jpg

Сè повеќе се застапени огласите по социјалните мрежи каде што очајно се бараат луѓе за чување на деца, повозрасни лица, па дури и миленици.

А уште позачудувачки е што секој што ќе налета на таква група, бара членство. Не затоа што му треба - туку само од сеир, за потсмев и за критика.

Има објави на кои не е потребен коментар, но секогаш има некој паметен кој има што да каже. Да искритикува за плата, да си даде на значење, да омаловажи некој трет, да коментира кај што не треба и не му е место.

„Не знам кој би прифатил за овие ситни пари толку работа, премногу барате мајки, жени, госпоѓи...”, ќе прокоментира.

Кога станавме зли луѓе?

Зошто да се гледа да се напакости, наместо да се помогне? Со препорака на пример.

Има луѓе кои чекаат ред да работат. Со задоволство. Од потреба, па и од желба само. Зошто сме себични да споделиме и да пофалиме она што е за фалење. Шкрти сме на зборови, сиромашни на дела.

Nudenje-rabota-na-socijalni-mrezi-ova-e-premnogu-rabota-za-tie-pari-vakvi-oglasi-za-rabota-ne-mi-trebaat-02.jpg

Која е потребата да се мешаш во објава што не те засега? Таа е платата, тие се условите. Ако сакаш да работиш – работи, ако не, не одмагај.

Има и трета категорија... Оние прецентите, кои се промовираат како „дадилки со искуство, што обожуваат дечиња и работа со нив”, а прашуваат само за пари.

Па, потоа следува коментарот колку е тоа тешка и макотрпна работа. Колку време, нерви и внимание одзема, небаре некој ги тера на сила да прават нешто.

Nudenje-rabota-na-socijalni-mrezi-ova-e-premnogu-rabota-za-tie-pari-vakvi-oglasi-za-rabota-ne-mi-trebaat-03.jpg

Да, работа е. Треба да чуваш човечко суштество, да се грижиш како за свое.

И да, коментари од родители ќе имаш. Затоа што тоа ти е работа. Исто како што шефот ќе ја искритикува секретарката и мајсторот - својот помошник.

Работа си е работа. Земи или остави. Да видиме дали на интервју за работа во живот исто се реагира кога се соопштува платата. Или сепак, таму нема екран позади кој можеш да се скриеш и да бидеш силен на зборови.

Тогаш, најчесто се собираш, и си заминуваш. Или, прифаќаш позиција. Зависи. 

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

М. У. Т. | Црнобело

фото: pexels.com

Би можело да ве интересира:

„Не ја земаш за жена само за да ти роди деца и да ти пере гаќи“ „Не ја земаш за жена само за да ти роди деца. Ниту за да ти готви ручек секој де...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
Александра П. Илиевска за CRNOBELO лексикон: „Си го прифатив носот кој долго планирав да го оперирам... „Додека носев шишки ме прашаа кое тенџере е примерокот по кој ме шиша фризерот“,...
Александар Митевски за CRNOBELO лексикон: „Малку ми е незгодно кога во кафеана ќе засвират и некоја ... „Една работа за која се каам во кариерата се политички кампањи и политика. Со го...
Марко Новески за CRNOBELO лексикон: „Девојче ме бакна во IV одд. со јазик - цела ноќ имав нагони на ... „Моето среќно место е куќата во Струга и тие детски денови во Езерски лозја поми...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg