Се немавме видено речиси цела година пред да го сретнам вчера. “Па што правиш во последно време што немам видено на Инста стори?”беше првото нешто што ме праша. Како и сите мои врсници, мојот Инстаграм профил е проекција на еден живот на кого сите би ми завидувале, најдобрата верзија од мене - далеку од реалноста која би ја прикажала мојата хаотична личност.