Која категорија спаѓа во срамна работа? Дали конобарење, работа на шанк, работа во перална за коли или супер маркет, работа во служба за хигиена, или пак некоја занаетчиска работа, од типот автомеханичарска работилница и слично, се категориите „жити сѐ, не можеше нешто посаглам да најдеш“?! Знаеме сите дека лежачи има на тони, но навистина е дегутантно да ги омаловажуваме луѓето кои работат тоа што знаат и умеат и придонесуваат за своите семејства.