„Денес ќерка ми си дојде со насолзени очи. Хулахопките ѝ биле малку скинати и некое друго девојче ѝ рекло – зошто имаш скинати хулахопки, дома сиромашни сте?“ - Ова, за жал, се вистински сведоштва од нашето секојдневие. Помислете само, на еден момент, како им е на тие деца што немаат толку многу и како им е на тие родители што ги пуштаат децата на училиште со 50 денари во џебот? Немате време, знам...
Ете, ваква Македонија сакам! Македонија позитивна, сплотена, ведра, среќна Македонија!
За луѓето што доаѓаат да те видат, да поминат забавно време време со вас, да поделите вино и мезе, да се насмеете и да се забавувате, а на кои не им е грижа дали завесите ти мирисаат чисто, дали куќата е расфрлана со играчки, дали садовите ви се измиени.
Ви се случило ли да се фатите себеси како правите некои работи затоа што вашите баби и дедовци ве научиле од мали дека така треба или не треба да ги правите?
На Младенци се оди на гости кај оние што се венчале во текот на изминатата година, трпезата треба да биде посна, а се месат и 40 колачиња. На некои места се прават мовчиња од 40 прачки за да сонуваш за кого ќе се омажиш. Кои адети се врзуваат за овој празник кај вас?
Хербариуми, инсектариуми, длабење на линолеум, цртање со туш, изработување на најразлични макети на часовите по Општо-техничко образование. Се сеќавате ли на некои од најинтересните работи што ги правевме во училиште? Што вам ви беше најзабавно?
Албумите со самолепливи сликички имаат посебно место во нашите детски сеќавања, зарем не?!
Синот одлучил да ја однесе мајката на ручек. Неговата мајка била мошне стара и слаба. Додека јадела храната ѝ паѓала врз фустанот. Останатите гости...
Кога читавме „Наш свет“ и „Развигор“, кога бевме опседнати со момчињата од бендовите како „Backstreet Boys“ и се каравме кој од нив е најубав, кога вртевме на фиксен, „дишевме на слушалка“ и спуштавме...
Убава си поради начинот на кој ти сјаат очите кога си среќна, убава си поради искрата во очите кога си вљубена...
Мммм мирисот на тазе мелено кафе, па Минти мастики место кусур, па сечење половина лепче, па каси кои беа неверојатно гласни, па пазарење на вересија, односно пишанка... Потсетување на едни стари и можеби поубави и побезгрижни времиња. Пазарењето во маалските продавници имаше посебна магија, зарем не?
8-ми Март е празникот на жената. Денес е денот кога ги прегрнуваме и им подаруваме цвеќе на саканите жени: мајки, тетки, баби, сестри, учителки, колешки... На сите жени во нашите животи им честитаме празникот и ја одбележуваме нивната рамноправност во општеството.
„Леле учителке, наша Евгенија колку многу ве сака! Само за вас зборува, пред некој ден ми кажа како учителката ја сака најмногу, па дури после јас. Ние веќе ја купивме вежбанката за трето (Евгенија е патем второ одделение)...
Таткото го испратил Бојан со зборовите: „Сине мој, ако ненадејно се почувствуваш лошо и исплашено ова е за тебе – и му ставил нешто во џебот.“
„Доаѓа татко на новороденче, како што сфатив од разговорот кој го водеше со највисок можен тон. „Дадете ми шишенце“, ѝ вели на вработената. Аптекарката го праша: „Од колку милилитри“ и овој почна да ѝ вреска, очигледно лут што сопругата го пратила во аптека да купи нешто за СВОЕТО дете...“
Кој си има покрив над главата, нека им се заблагодари на сите ѕвезди и светци на небото. Оној што планира наскоро да си купи стан, исто така советувам да им се помоли на светците. Иако не знаеме баш од каква корист ќе се...
Од страв да не ве етикетираат како кучка, фригидна, безобразна, надмена, арогантна, а генерално поради доброто домашно воспитување кое подразбира љубезност, почит и емпатија кон другите луѓе, многу мажи денес ја мешаат...
Профилот Made in Yugoslavia на Инстаграм е вистински времеплов кој ќе ве врати неколку децении наназад. Винтиџ предмети кои будат спомени од минатото потсетувајќи ве како беше да се биде дете и да се расте во 70-тите...