15 цитати кои јасно покажуваат зошто летото ни е омилена сезона

Можеби мислите дека на летото му се радуваат само учениците и студентите кои се на распуст, но сепак се чини дека многумина уживаат во второто годишно време.

15-citati-koi-jasno-pokazuvaat-zosto-letoto-ni-e-omilena-sezona-01.jpg

А зошто не би било така? Топли сончеви денови, денот е подолг, пријатно е, поминуваме повеќе време надвор.

Излети, возење велосипеди, сладолед, лубеница… можеме да наброиме стотици причини поради кои го обожаваме летото, а одредени познати личности веќе ги искажале своите во облик на цитати.

Прочитајте ги најдобрите цитати посветени на летото и засакајте го уште повеќе:

1. Го сакам чувството кога летото ги обвива своите раце околу тебе, како некое топло ќебенце.

2. Една позитивна придобивка од летото е тоа што секој ден нуди повеќе достапна светлина за читање.

3. Камо да можеше да е секој ден ваков – секогаш лето, секогаш сам, а овошјето секогаш зрело.

4. Долго се памети колку возбудени и слободни бевме во лето.

5. Кога сè друго оди наопаку, оди на одмор.

6. Летната ноќ е како совршенство на мислата.

7. Летното време е секогаш најдоброто од она што може да биде.

8. Во лето, песната сама се пее.

9. Ќе владее вечно лето во благодарното срце.

10. Одморот значи неправење ништо и цел ден на располагање да се прави тоа.

11. Живејте во сонцето, пливајте го морето, пијте го дивиот воздух.

12. Само живеењето не е доволно… човек мора да има сонце, слобода и еден мал цвет.

13. Кога сонцето сјае, можам да направам сè што сакам, ниту една планина не е премногу висока, нема проблеми кои се премногу тешки за надминување.

14. Сè што е добро, сè магично се случува помеѓу месеците јуни и август.

15. Некои од најдобрите спомени ги доживувате додека сте во апостолки.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 цитати кои ќе ви дадат мотивација за успех (дури и кога сте на дното) „Кога паднав, не барав рака - барав причина да станам“ и уште 11 инспиративни ци...
„Тој што знае да сака, не треба да прави ништо друго“ - Безвременски мисли за љубовта од Душко Радов... „Многу жени би можеле да сакаат многу и убаво, но немаат никого. Сите се преправ...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...
Имал тешко детство, денес живее во дом од 800.000 евра - Факти за Ацо Пејовиќ „Имав 14 години и тоа беше тешко време. Живеев во трошен студентски дом, студен,...
Во Кина има повеќе војници отколку во Македонија жители и уште 8 факти што не сте ги слушнале досега Знаевте ли дека во Босна и Херцеговина се раѓаат едни од највисоките луѓе во све...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос? Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg