Спие само по 4 часа, 24 сексуални обвиненија: Факти за Доналд Трамп

За татко му вели дека бил моќниот, а мајка му совршената домаќинка. Плус, смета дека жените може да ги допира веднаш по бакнежот за интимните делови само затоа што е познат.

spie-samo-po-4-chasa-seksualni-obvinenija-15-fakti-za-donald-tramp-01.jpg

Контроверзниот американски претседател одамна ѝ е познат на светската јавност како успешен бизнисмен и милијардер.

Факти за неговиот живот:

- Во второ одделение Трамп бил убеден дека неговиот наставник по музичко не знае за што зборува, па го удрил. Наставникот завршил со модро око, а Трамп за малку ќе бил избркан од училиште.

- Како тинејџер Трамп бил проблематичен, па родителите го испратиле во воено училиште со надеж дека ќе се промени.

spie-samo-po-4-chasa-seksualni-obvinenija-15-fakti-za-donald-tramp-03.jpg

- Трамп отворено говори дека има огромно его и според него секоја успешна личност има.

- Како дете Доналд позајмил коцки од неговиот брат за да направи екстра висок облакодер. Откако ја завршил конструкцијата, ги залепил парчињата едно за друго за да не треба да му ги врати.

- Уште во 1973 имал контроверзни ставови и против неговата организација била поднесена тужба за дискриминација на Афроамериканците.

spie-samo-po-4-chasa-seksualni-obvinenija-15-fakti-za-donald-tramp-05.jpg

- За своите родители вели: „Татко ми отсекогаш беше моќниот и оној кој го носи лебот, а мајка ми беше совршена домаќинка.“

- Најголем страв му е дека ќе оќелави и смета дека тоа е знак на слабост. Во една пригода изјави дека најлошата работа што може да му се случи на маж е да остане без коса.

- Во 2004 година изјави дека сите жени во неговото шоу „The Apprentice“ флертувале со него, но дека тоа било очекувано.

spie-samo-po-4-chasa-seksualni-obvinenija-15-fakti-za-donald-tramp-07.jpg

- Повеќе од 24 жени го имаат обвинето Трамп за несоодветно сексуално однесување во различни инциденти во текот на изминатите триесетина години.

- Во 2005 година во јавноста излезе видео на кое Трамп се фали како може да почне да бакнува атрактивна жена и веднаш да почне да ја допира за интимните делови, само затоа што е познат.

- Во 2016 година Forbes го прогласи Трамп за 336-от најбогат човек на светот, со богатство од 4.5 милијарди долари и тој е првиот американски претседател милијардер.

spie-samo-po-4-chasa-seksualni-obvinenija-15-fakti-za-donald-tramp-06.jpg

- Трамп се има појавено во 12 филмови и 14 ТВ серии.

- Во 1987 година ја купи 3-тата најголема јахта на светот во тој период за 29 милиони долари, ја нарече „Trump Princess“ и никогаш не престојувал на неа затоа што наводно го правело нервозен кога губел време на релаксација.

- Вели дека работи по 85 часа во текот на седмицата и спие само по 4 часа навечер.

spie-samo-po-4-chasa-seksualni-obvinenija-15-fakti-za-donald-tramp-04.jpg

- Има напишано неколку книги со бизнис совети и е еден од најпродаваните бизнис автори кога било.

Прочитајте и Нема дадилка за Барон: 9 интересни факти за Меланија Трамп!

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ѝ раскина кога почна да се заљубува во неа - Љубовната приказна на Иванка Трамп и Џаред Кушнер „Кога ѝ раскинав на Иванка, таа ми рече дека тоа е најлошата одлука во мојот жив...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...
Имал тешко детство, денес живее во дом од 800.000 евра - Факти за Ацо Пејовиќ „Имав 14 години и тоа беше тешко време. Живеев во трошен студентски дом, студен,...
Во Кина има повеќе војници отколку во Македонија жители и уште 8 факти што не сте ги слушнале досега Знаевте ли дека во Босна и Херцеговина се раѓаат едни од највисоките луѓе во све...
Вонбрачниот син го запознал на 7 години, неговата смрт ја опишува како најтешка во животот - Факти з... Австралискиот музичар Ник Кејв, вчеравечер (22 август) одржа концерт во Скопје и...
Имал преку 250 љубовници, син му е бездомник и спие на клупа - Скандалозната приказна на Том Џонс Џонс никогаш не бил премногу дискретен во однос на своите љубовни авантури, а во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg