6 мотивациски фрази кои луѓето треба да престанат да ги „лајкаат“ по социјалните мрежи

Луѓето честопати мислат дека социјалните мрежи, мотивациските цитати и фрази, како и приказните кои ќе ги прочитаат онлајн, може инстантно да им ја залечат нивната негативност и разочараност.

6-motivaciski-frazi-koi-lugjeto-treba-da-prestanat-da-gi-lajkaat-po-socijalnite-mrezi-01.jpg

Можеби се во право, но краткорочно.

Мотивациските фрази треба да ви делуваат инспиративно, да ве придвижат да бидете најдобрата верзија од себеси, но овие 6 клише фрази го имаат спротивното дејство.

Бидејќи, ако малку подобро размислите се далеку од точни и корисни:

1. Секогаш биди свој/а

За да бидете свои прво мора да откриете кои сте и што сакате. А, тоа не е така лесен и едноставен процес.

2. Секогаш давај 100% од себе

Напротив, треба да процените во кои ситуации треба да се вложите, а од кои да се откажете.

3. Секогаш кажувај го она што го мислиш

Не заборавајте дека толеранцијата и компромисот понекогаш ќе ве однесат многу подалеку отколку дрската искреност.

6-motivaciski-frazi-koi-lugjeto-treba-da-prestanat-da-gi-lajkaat-po-socijalnite-mrezi-02.jpg

4. Престани толку многу да работиш и посвети се повеќе на партнерот/приватниот живот

Љубовта е прекрасна, но таа не може да ве прехрани. Мора да заработите. Нема потреба од дополнително објаснување.

5. Секогаш мисли позитивно

Секако дека негативните мисли се некогаш многу покорисни, бидејќи ве тераат да го откриете, анализирате и решите проблемот, наместо да го потиснувате додека не експлодирате од незадоволство.

6. Излезете од комфорната зона

За повеќето луѓе оваа фраза може да биде подеструктивна, отколку од помош. Да го правите она што го сакате е поважно отколку постојано да преземате нерационални ризици.

6-motivaciski-frazi-koi-lugjeto-treba-da-prestanat-da-gi-lajkaat-po-socijalnite-mrezi-03.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 фрази кои е во ред да ги кажете кога некому му починала блиска личност „Тој/таа беше прекрасна личност. Ги ценам моментите што ги имав со него/неа (и с...
„Тој што знае да сака, не треба да прави ништо друго“ - Безвременски мисли за љубовта од Душко Радов... „Многу жени би можеле да сакаат многу и убаво, но немаат никого. Сите се преправ...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
Во Кина има повеќе војници отколку во Македонија жители и уште 8 факти што не сте ги слушнале досега Знаевте ли дека во Босна и Херцеговина се раѓаат едни од највисоките луѓе во све...
8 митови во кои веруваме уште од детството (и вистината зад нив) Не смеете да влегувате во вода по бањање, Ајнштајн имал слаби оценки по математи...

Најчитани неделава