Спореди се со личноста којашто беше вчера: 12-те животни правила на Џордан Питерсон

Џордан Питерсон е професор по клиничка психологија на Универзитетот во Торонто. Изминативе неколку години, тој стекна многу фанови со неговите предавања и гостувања на разни емисии.

sporedi-se-so-lichnosta-kojashto-beshe-vchera-12-te-zhivotni-pravila-na-dzordan-piterson-01.jpg

Темите што ги опфаќа на предавањата се различни. Од една страна, доста популарни се неговите остри критики за постмодернизмот и политичката коректност, а од друга, популарни се и неговите совети за млади.

Кога зборува за младите во 21-виот век, Џордан е изненаден од нивните вредности. Поради ова, постојано ги користи фразите како „Среди си ја собата“ или „Кажувај ја вистината“.

Џордан работи и како терапевт, а благодарение на ова искуство научил многу.

На овој начин настанала и неговата книга „12 животни правила“, во која зборува за некои од најчестите проблеми, но на едноставен и духовит начин.

Погледнете ги 12-те животни правила на Џордан Питерсон:

Стој исправено со рамената назад

Кога стоиме исправено, со рамената кон назад, во организмот се лачи повеќе серотонин. Серотонинот, пак, има директно влијание врз одлучноста и доследноста при постигнувањето на целите.

Доколку имате некој идол или знаете каква личност сакате да бидете, тогаш однесувајте се како таа личност.

Однесувај се со себе како што се однесуваш со саканите

Вие самите најдобро ги знаете вашите мани и грешки од минатото. Но, поради ова сигурно се однесувате престрого и ја занемарувате грижата за себе.

За да го истакне ова, Џордан изјавил дека повеќето луѓе попрво би купиле лек за нивното куче, наместо за себе.

Да станете подобра личност не е само ваше право, туку и ваша должност. Ова може да има големо влијание не само врз вас, туку и врз луѓето околу вас.

sporedi-se-so-lichnosta-kojashto-beshe-vchera-12-te-zhivotni-pravila-na-dzordan-piterson-02.jpg

Дружи се со луѓе кои ти го посакуваат најдоброто

Добриот пријател е личност која ве поддржува на патот кон вашата цел.

Оние кои го поттикнуваат вашето лошо однесување се само луѓе кои сакаат да ве повлечат надоле.

Не заборавајте дека добриот пријател е оној кој искрено се радува на вашиот успех.

Спореди се со личноста којашто беше вчера, а не со некој друг

Во текот на животот ќе запознаете многу луѓе, а секој од нив ќе биде подобар во нешто од вас.

Поради ова, станува очигледно дека нема смисла да се споредувате, бидејќи на крај ќе бидете разочарани.

Секој ден прашувајте сè што можете да направите подобро од вчера и како да бидете подобра личност од вчера.

sporedi-se-so-lichnosta-kojashto-beshe-vchera-12-te-zhivotni-pravila-na-dzordan-piterson-03.jpg

Не им дозволувај на децата да прават нешто што нема да ти се допаѓа

Важно е да ги научите вашите деца да се однесуваат пристојно и да го привлекуваат вниманието на добар начин.

Овој начин на социјализирање ќе им помогне многу и ќе има позитивно влијание врз нивниот личен развој.

Среди си ја куќата пред да почнеш да го критикуваш светот

Џордан смета дека префрлањето на вината кон општеството создава незадоволство и го спречува личниот напредок.

Важно е да си поставите цврст темел на којшто ќе се изградите. Не треба магија за да ги постигнете вашите цели, потребен е личен развој.

sporedi-se-so-lichnosta-kojashto-beshe-vchera-12-te-zhivotni-pravila-na-dzordan-piterson-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 фрази кои е во ред да ги кажете кога некому му починала блиска личност „Тој/таа беше прекрасна личност. Ги ценам моментите што ги имав со него/неа (и с...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...
Вонбрачниот син го запознал на 7 години, неговата смрт ја опишува како најтешка во животот - Факти з... Австралискиот музичар Ник Кејв, вчеравечер (22 август) одржа концерт во Скопје и...
Во Кина има повеќе војници отколку во Македонија жители и уште 8 факти што не сте ги слушнале досега Знаевте ли дека во Босна и Херцеговина се раѓаат едни од највисоките луѓе во све...
8 митови во кои веруваме уште од детството (и вистината зад нив) Не смеете да влегувате во вода по бањање, Ајнштајн имал слаби оценки по математи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg