Факти за авионите што ќе ви помогнат да се ослободите од стравот од летање

Поради некоја причина, многу луѓе имаат страв од летање со авион.

fakti-za-avionite-shto-kje-vi-pomognat-da-se-oslobodite-od-stravot-od-letanje-01.jpg

Според истражувањата, дури 85% од авионските патници чувствуваат анксиозност со различен интензитет, а за 10% од нив може да се каже дека имаат фобија од летање.

Според психолозите, оваа фобија потекнува од потребата да контролираме сè, како и недовербата на светот околу нас. Кога сме во авион, се наоѓаме во токму таква ситуација, па почнува да се активира центарот за страв.

Но откако ќе ги прочитате следниве факти за авионите, најверојатно ќе се ослободите од овој страв:

Што вели статистиката?

1. Знаевте ли дека луѓето се чувствуваат најбезбедно кога се возат со воз? Интересно е што несреќите со воз се многу почести од авионските. Сепак, за разлика од авионските, луѓето многу поретко дискутираат за несреќите со воз, па мислиме дека се поретки.

2. Некои луѓе веруваат дека авионот е најбезбедното средство за транспорт. Но, и ескалаторите спаѓаат во средства за транспорт и се најбезбедни. Авионите се на второто место.

fakti-za-avionite-shto-kje-vi-pomognat-da-se-oslobodite-od-stravot-od-letanje-02.jpg

3. Можноста за авионска несреќа е 1 во 11 милиони летови. Веројатноста дека ќе се случи некаква катастрофа за време на лет е само 1,00001%. Односно, секој лет има 99,9999815% шанси за успех.

4. Според статистиката, ако еден патник секој ден лета со авион, ќе бидат потребни 21.000 години за да доживее авионска несреќа.

5. Мислењето дека шансите за преживување авионска несреќа се многу мали е лажно. Според податоците од изминативе 40 години, се открило дека во овие несреќи преживуваат околу 67% од патниците.

6. Повеќето луѓе веруваат дека итното или принудното слетување на авионот е многу побезбедно на вода. Ова е потврдено и од статистиката, па шансите за преживување се зголемуваат за 50% ако авионот слета на вода.

Зошто се плашиме од турбуленција?

7. Многу патници паничат кога ќе започна турбуленциите, најмногу бидејќи мислат дека од тресењето ќе се оштети авионот. Сепак, секој експерт ќе ви каже дека авионите можат да го издржат тресењето, исто како автомобил кој вози по пат со дупки.

8. Во 120-годишната историја на воздухопловството, се нема случено ниту една несреќа поради турбуленција.

9. Сепак, можно е да се повредите за време на турбуленција, особено ако не ги следите инструкциите на стјуардесите. Во овие моменти најдобро е да седите на вашето место.

fakti-za-avionite-shto-kje-vi-pomognat-da-se-oslobodite-od-stravot-od-letanje-03.jpg

10. Воглавно пилотите знаат кога и каде можат да очекуваат турбуленции. Но тие можат да се појават и на чисто небо. Најголем проблем во овој случај е тоа што екипажот нема време да ги предупреди патниците.

Кислород и елеци за спасување

11. Воздухот во кабината влегува од мал отвор кај моторот. Ова е компресиран воздух и околу 50% се исфрла, а остатокот останува во кабината за патниците.

12. Маските во авионите имаат кислород за 12 минути, но ова е прецизно пресметано време. Проблемите со воздушниот притисок во кабината се многу ретки и се решаваат за неколку минути.

fakti-za-avionite-shto-kje-vi-pomognat-da-se-oslobodite-od-stravot-od-letanje-04.jpg

13. Елеците за спасување можат да бидат од помош, но се верува дека се бескорисни. Во целата историја на нивното постоење, овие елеци имаат спасено околу 1.000 патници, најчесто кога авионот слетал во вода. Интересно е што патниците често ги крадат елеците како сувенир, па стјуардесите мораат да ги проверуваат пред секој лет.

Рекорди и безбедност

14. Како и на патиштата, и во воздушниот сообраќај може да настане метеж. Кај прометните аеродроми, авионите чекаат ред за полетување и секогаш се на одредено растојание. Висината помеѓу два авиони треба да биде барем 300 метри, а од страните се на растојание од околу 10-15 километри.

15. Во 2019-та се постави нов рекорд – во еден ден на небото имало 202.157 авиони. Во исто време, пак, во воздух биле 19.000 авиони. Вообичаено, во секој момент во воздухот има најмногу 11.000 авиони.

fakti-za-avionite-shto-kje-vi-pomognat-da-se-oslobodite-od-stravot-od-letanje-05.jpg

16. Најкраткиот лет трае 53 секунди и е помеѓу два шкотски острови. Најдолгиот лет е од Њујорк до Сиднеј и трае 19 часа и 14 минути.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
„Оние што длабоко сакаат, никогаш не стареат“ – Најубавите цитати на Жарко Лаушевиќ „Ако луѓето те критикуваат, те понижуваат, викаат по тебе... Само сети се дека в...
5 животни лекции кои треба да ги научиме, колку порано – толку подобро Да се ​​живее здрав живот значи да се живее живот полн со социјална интеракција,...
„Животот почнува во 30-ите, кога веќе не мора да барате изговори за себе“ - Инспиративни цитати од Џ... „Имам голема слабост – сакам да верувам дека секој човек има и добра страна“ - ц...
9 факти за женското тело што звучат нереално Жените имаат посилно сетило за мирис и имаат поголеми шанси да преживеат сериозн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg