15 скриени правила на кармата - она што одбивате да го прифатите, ќе стане уште поинтензивно

Овие скриени правила на кармата се длабоко вметнати во нашите души и срца, но ние често ги забораваме заради материјалот свет што нè одвлекува од духовниот мир.

Petnaeset skrieni pravila na Karma 01

„Како што сееш, така и ќе жнееш.“ „Не правете го она што не сакате да ви го прават на вас “ се некои од основните правила на кармата.

Енергијата што ќе ја испратите до Универзумот, без разлика дали е позитивна или негативна, ќе ви биде вратена.

Ова се некои од помалку познатите правила на кармата:

1. Вистинската радост е резултат на напорна работа, трпеливост и жртвување.

2. Слободата доаѓа со одговорност.

3. Енергијата и љубовта што ги вложувате во вашата врска ќе ви бидат возвратни. Можеби нема да ви биде возвратено од личноста што ја сакате, но Универзумот ќе ви ја врати. Сакањето е награда сама по себе.

4. Она што го давате на друга личност, го давате на целото човештво.

5. Вредноста на вашата работа лежи во енергијата и вниманието што го вложувате.

Petnaeset skrieni pravila na Karma 02

6. Ќе страдате сè додека не ја научите лекцијата што треба да ја научите од страдањето. Тогаш ќе го имате вистинското оружје да го скршите тој злобен круг.

7. Ако живеете во минатото или во иднината, ќе ја пропуштите сегашноста.

8. Ја научивте лекцијата кога вашите зборови, мисли и активности ќе бидат усогласени со пораката што сте ја научиле.

9. Кога целосно ќе се фокусирате на вашиот морал и духовност, негативноста ќе згасне.

10. Невозможно е да се чувствува алчност и спокојство во исто време.

Petnaeset skrieni pravila na Karma 03

11. За да постигнете нешто големо и интересно, прво мора да ги реализирате сите мали компоненти на истото.

12. Ако сакате да растете, мора да бидете отворени за промени.

13. Кога гледате непријател, игнорирајте го и допрете до вредните луѓе.

14. Кога гледате на некого како помалку вреден, ги покажувате своите недостатоци.

15. Она што одбивате да го прифатите, ќе стане уште поинтензивно.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мозокот не чувствува болка и уште 8 чудни факти за човечкото тело што звучат нереално Знаевте ли дека кога се прави трансплантација на бубрег, хирурзите не ги отстран...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...
8 фрази кои е во ред да ги кажете кога некому му починала блиска личност „Тој/таа беше прекрасна личност. Ги ценам моментите што ги имав со него/неа (и с...
Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
100.000 девојки се пријавиле на аудиција за Katseye, од 6 избрани една ги напушти - Која е светската... Сигурно барем еднаш сте ја слушнале „заразната“ песна (Hands off) Gabriela. Но, ...
Гласини за тајна свадба со Марко Ѓоковиќ - Која е мистериозната Бразилка што го освои братот на Нова... За разлика од Новак, кој е постојано во центарот на вниманието, и од помалиот бр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg