Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Том Хенкс има грчко државјанство и уште 9 помалку познати факти за славните

Славните се постојано во центарот на вниманието и знаеме многу детали од нивниот приватен живот. Но сепак, и за нив постојат факти што поголемиот дел од јавноста ги нема слушнато.

tom-henks-ima-grchko-drzhavjanstvo-i-ushte-9-pomalku-poznati-fakti-za-slavnite-01.jpg

На пример, сите знаеме кој е Том Хенкс, во кои филмови се има појавено, која е неговата сопруга и слично, но знаевте ли дека актерот има грчко државјанство?

Погледнете неколку забавни факти за славните што сигурно не сте ги слушнале досега:

Таткото на Кит Харингтон е барон

Кит Харингтон, најпознат како Џон Сноу од хит-серијата Game of Thrones, потекнува од благородничко семејство. Неговиот татко, сер Дејвид Ричард Харингтон, е барон.

Истовремено, тој потекнува од лозата на Чарлс II, крал на Шкотска, неговото семејство има свој грб и многу негови роднини имаат благороднички титули, како војводи.

tom-henks-ima-grchko-drzhavjanstvo-i-ushte-9-pomalku-poznati-fakti-za-slavnite-02.jpg

Сопрузите на Камерон Диаз и Никол Ричи се близнаци

Сопругот на Никол Ричи, Џоел Маден, е фронтменот на бендот Good Charlotte, a неговиот брат близнак, сопругот на Камерон Диаз, е придружен вокал и гитарист во истиот бенд.

Никол Ричи е во брак со Џоел 10-тина години, а токму таа ги запознала Камерон и нејзиниот сопруг Бенџи.

tom-henks-ima-grchko-drzhavjanstvo-i-ushte-9-pomalku-poznati-fakti-za-slavnite-03.jpg

Братот на Еван Мекгрегор е пилот во британските воздушни сили

Познатиот актер има постар брат, Колин, кој е пилот. Иако можеби Колин постојано е во сенка на неговиот познат брат, и тој има импресивна кариера. Колин е пилот во британските воздушни сили.

tom-henks-ima-grchko-drzhavjanstvo-i-ushte-9-pomalku-poznati-fakti-za-slavnite-04.jpg

Мајчиниот јазик на Шарлиз Терон е африканс

Шарлиз Терон пораснала на фарма во Јужна Африка, па нејзиниот мајчин јазик е африканс – индоевропски јазик кој се зборува во Јужноафриканската Република.

tom-henks-ima-grchko-drzhavjanstvo-i-ushte-9-pomalku-poznati-fakti-za-slavnite-05.jpg

Две растенија се крстени по Лејди Гага

Научниците крстија две растенија пронајдени во Костарика во чест на познатата пејачка. Едното од нив се вика Gaga germanotta (Германота е вистинското презиме на пејачката), а другото Gaga monstraparva, што може да се преведе како „малите чудовишта на Гага“ - пејачката често ги нарекува нејзините фанови „мали чудовишта“.

tom-henks-ima-grchko-drzhavjanstvo-i-ushte-9-pomalku-poznati-fakti-za-slavnite-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Најемотивните стихови од песните на ДНК: „Небо мое, кажи што да направам, небо мое каде да се помола... Од првата „Девојка за везден“, па сè до најновата „Фала“, Андреј и Панчо од ДНК ...
На 14 години користел дрога, бил во затвор со Чарлс Менсон, а денес им помага на зависници – Факти з... Актерот Дени Трехо неколкупати бил во затвор, но откако избегнал смртна казна, р...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...
Факти за Лена од дуото „Тату“: Виновна е за распадот на групата, во брак е со руски бизнисмен Се претпоставува дека Лена Катина е одговорна за распадот на руското дуо „Тату“ ...
Сакал да се прејадува, одбивал анестезија за операција: Факти за Марлон Брандo, најчудниот холивудск... На Марлон Брандо не му недостасувале луди идеи и еднаш изразил желба да користи ...
Факти за Бил Скарсгард, „кралот“ на хорор филмовите: Имал кошмари од улога, живее како номад Улогата во It го направи светски познат, но вели дека имал кошмари од морничавио...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg