Со коцки до ручек

so-kocki-do-rucek-povekjeИзгледа во денешно време нема нешто што не може да се продаде. Или сите добри идеи се потрошија (се надеваме не!) или купувачите одамна...


...престанаа да се прашуваат „А што ќе ми е ова?“.

Меѓу илјадниците непотребни дрангулии на кои може да си ги потрошите парите се појавија и коцките што ќе одлучуваат што да зготвите!

Произведувачите на генијалните коцки им предвиделе употреба само во оваа ситуација. Многу биле скромни.

so-kocki-do-rucek-1

Еве ние ќе им подариме уште неколку: Гладен си, ама те мрзи да размислуваш што да јадеш? На пазар си и не знаеш како да одлучиш што да купиш? Во ресторан си и не знаеш да го прочиташ менито? Само сврти ги коцките и покажи му ги сликичките на келнерот!

Ако ве заинтересира „играва“ добро е да знаете дека може да нарачате сет со месни производи и посебен за вегетаријанци. Се сетиле на тоа, а не се сетиле да кажат дека со коцките може да се занимаваат децата кога ви прават друштво додека готвите (што е и нивната единствена разумна употреба).

so-kocki-do-rucek-2

Но, коцките се пред сѐ наменети за американскиот пазар, па несомнено добро ќе се продаваат. А и што се $20 долари во денешно време :)

Туку, одлучивте што ќе ручате денес?

Би можело да ве интересира:

Заборавената хероина од Титаник: Се вратила на бродот за да спасува луѓе, собирала пари за сиромашни... Кога богаташката Маргарет Браун сфатила дека во чамецот за спасување има уште ме...
Зошто некои се убедени дека Елен Деџенерис има куру – болест која се пренесува со канибализам? Куру е исклучиво ретка и смртоносна болест која се пренесува со канибализам. Нај...
Безбедносни совети за жени од поранешен ФБИ агент - Има трик и со копчето од лифотот „Кога се чекирате во хотел, штитете го вашиот личен простор како на банкомат. Ре...
Цела зима нема достава на намирници, алкохолот беше забранет поради насилство: Животот во најизолира... Неодамна, жителите на гратчето Тасилак на Гренланд го испратија последниот товар...
6 уникатни имиња за девојчиња, инспирирани од боите Безвременски, уникатни и инспирирани од боите со кои е опкружен светот околу нас...
„Го мразев животот во Дубаи – наместо да уживам, работев 80 часа неделно, за плата со која едвај пре... Натали од Англија се преселила во Дубаи на само 18 години, откако добила работа ...

Најчитани неделава