Купил девојче за да гледа како го јадат канибали - Мрачната приказна за богаташот Џејмс Џејмисон

Џејмс С. Џејмисон ја наследил познатата дестилерија за виски Jameson Irish Whiskey, а додека управувал со неа, отишол во Африка. Фасциниран од канибалите, додека бил во Конго наводно купил девојче, му го подарил на едно племе и гледал како го убиваат и јадат. До денес се шпекулира дали богаташот навистина го наредил убиството на девојчето, но дефинитивно присуствувал на ужасниот настан, па дури направил и скици.

kupil-devojche-za-da-gleda-kako-go-jadat-kanibali-od-afrikansko-pleme-mrachnata-ekspedicija-na-bogatashot-dzhejms-dzhejmison-01.jpg

Како сопственик на дестилеријата Jameson Irish WIskey, Џејмс С. Џејмисон бил мошне богат маж.

Тој бил пра-пра-правнук на основачот на компанијата.

Откако ја наследил дестилеријата за познатото виски, Џејмисон станал многу моќен, но се чини дека ја користел својата моќ за ужасни работи.

Додека бил на чело на компанијата во 1880-тите, Џејмисон отишол во Африка каде што сакал да си исполни бизарна и мрачна желба – да гледа како канибалистичките племиња јадат луѓе.

kupil-devojche-za-da-gleda-kako-go-jadat-kanibali-od-afrikansko-pleme-mrachnata-ekspedicija-na-bogatashot-dzhejms-dzhejmison-06.jpgЏејмс С. Џејмисон

Како многу богаташи од тој период, Џејмисон го користел богатството за да ги финансира неговите авантури, па станал познат и како истражувач.

Во 1888 година тргнал на ново патување во Африка. Целта на патувањето имала и политичка позадина.

Деталите од патувањето се познати благодарение на дневниците на Џејмисон и неговата сопруга, како и преведувачот кој бил со нив.

За некои настани, нивните записи се разликуваат, но јасно е дека Џејмисон бил фасциниран од племињата канибали во Африка.

kupil-devojche-za-da-gleda-kako-go-jadat-kanibali-od-afrikansko-pleme-mrachnata-ekspedicija-na-bogatashot-dzhejms-dzhejmison-04.jpg

Во јуни 1888-ма, Џејмсон водел експедиција во Конго, и тоа во област позната по канибалите.

Според преведувачот на експедицијата, Џејмисон веднаш изразил желба да ги види канибалите во живо, па дури и да присуствува на нивен ритуал на јадење човек.

Џејмисон бил во контакт со Африканец кој продавал робови во областа. Па, решил да купи 10-годишно девојче од него.

Девојчето му го дал на племе канибали што го посетил.

Според преведувачот, кога го добил девојчето, поглаварот на племето рекол:

„Ова е подарок од бел човек кој сака да види како го јадеме“.

kupil-devojche-za-da-gleda-kako-go-jadat-kanibali-od-afrikansko-pleme-mrachnata-ekspedicija-na-bogatashot-dzhejms-dzhejmison-08.jpgМажот кој наводно му го продал девојчето

Во својот дневник, преведувачот напишал дека девојчето било заврзано за дрво, а потоа еден маж од племето го убил прободувајќи го во стомакот.

И Џејмисон го опишал мрачниот настан во неговиот дневник:

„Тројца мажи истапија напред и почнаа да го сечат телото на девојчето. На крај, ѝ ја пресекоа главата и не остана ниту едно делче, а секој маж миеше по еден дел од телото во реката“.

kupil-devojche-za-da-gleda-kako-go-jadat-kanibali-od-afrikansko-pleme-mrachnata-ekspedicija-na-bogatashot-dzhejms-dzhejmison-02.jpg

И Џејмисон и преведувачот истакнале дека девојчето не пуштило глас – ниту кога го врзале, ниту пред да го убијат.

„Во меѓувреме, Џејмисон правеше скици од ужасната сцена. Потоа отиде во неговиот шатор каде што ги обои цртежите со водени бои“.

Веројатно набрзо потоа Џејмисон сфатил дека може да биде кривично гонет за убиство на дете, па во дневникот напишал дека целта му била да се пошегува.

Односно, вели дека не очекувал дека канибалите навистина ќе го убијат и изедат девојчето.

Слични записи имало и во дневникот на сопругата.

kupil-devojche-za-da-gleda-kako-go-jadat-kanibali-od-afrikansko-pleme-mrachnata-ekspedicija-na-bogatashot-dzhejms-dzhejmison-03.jpg

Некои дебатираат дека поради различните записи во дневниците, можеби Џејмисон навистина не очекувал дека ќе сведочи на нешто толку ужасно.

Наводно, и самиот напишал дека целиот настан бил „најужасната и најодвратната глетка што некогаш ја видел“.

Исто така, Џејмисон напишал дека се сомневал дека племињата навистина јадат луѓе, па затоа и ги предизвикал.

kupil-devojche-za-da-gleda-kako-go-jadat-kanibali-od-afrikansko-pleme-mrachnata-ekspedicija-na-bogatashot-dzhejms-dzhejmison-07.jpg

Освен во дневникот, самиот никогаш не стигнал да ја раскаже својата верзија пред јавноста бидејќи починал истата година на истата експедиција, откако се заразил со некоја болест.

По неговата смрт, веста за смртта на девојчето се прославила низ Велика Британија, а бидејќи Џејмисон бил позната личност, повеќето британски медиуми пишувале за ова.

Преведувачот кој по експедицијата се вратил во Британија дал изјави за неколку медиуми стоејќи на ставот од дневниците – Џејмисон купил девојче за канибалите да го изедат.

Сепак, потоа повлекувал дел од изјавите, а во едно интервју изјавил дека дошло до недоразбирање и Џејмисон не бил виновен за ужасниот чин.

Поради разликите во дневниците на Џејмисон, сопругата и преведувачот, како и подоцнежните двосмислени изјави на преведувачот, веројатно никогаш нема да знаеме дали Џејмисон го нарачал убиството на девојчето.

Но, дефинитивно бил фасциниран од канибалите и сведочел на злосторството.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Видео што ќе ве стопи: Девојче со многу љубов ја храни сестричката со аутизам „Имам син со аутизам, па затоа се плашам да родам второ дете, но ова видео ми вл...
Милионери кои исчезнале под мистериозни околности (и не се најдени до денес) Во 2020-та, богаташката Мелиса од Австралија го напуштила нејзиниот дом во пет ч...
Најозлогласените и најмоќните наркобосови во светот (кои ги засенува една жена) Можеби мажите се оние кои доминираат во светот на криминалот, но ниту еден од ни...
Каква судбина имале децата на најголемите диктатори на светот и дали ги стигнала кармата на нивните ... Синот на Сталин се самоубил, синот на Чаушеску ширел блуд и разврат, а Мусолини ...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
На 10-годишна возраст киднапирале и сурово убиле дете – Каде се денес едни од најмладите убијци во и... Роберт Томсон и Џон Венаблс имале само 10 години кога го киднапирале и свирепо г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg