Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки
Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад, обидете се да направите нешто позабавно - кренете ја едната нога, а со раката играјте си со косата.
Инфлуенсерката Катарина Леал од Португалија ја следат 2,9 милиони луѓе на Инстаграм. Таа, освен што таму споделува фотографии од приватниот живот, често дели и совети за позирање, со кои веќе нема да имате здодевни и обични фотки на вашиот профил.
Овој пат, таа открива како да позирате кога сте во посета на некој нов град и да ги направите вашите фотографии совршени за на Инстаграм.
Наместо само да застанете исправено со чантата во раце пред локацијата што сакате да ја има во позадина, „разиграјте се“ - фрлете ја чантата наназад, а едната нога испружете ја нанапред.
Ако клекнете, наместо да бидете згрчени, испружете ја едната нога нанапред и исправете го телото.
Некаде сте ја виделе позата со едната нога свиткана во коленото и таа е супер, но, наместо да се виткате нанапред, свиткајте го коленото и ногата ставете ја наназад, а потоа исправете го телото и со раката допрете ја петата од стапалото.
-->
-->
Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад, обидете се да направите нешто позабавно - кренете ја едната нога, а со раката играјте си со косата.
-->
Немојте да бидете згрчени и срамежливо да се насмевнувате на камерата. Наместо тоа ставете ги рацете во косата и свртете го профилот кон тој што ве слика - фотката ќе биде одлична.
А. Ј. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле
„Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...

Жена од Канада создава куќички за кучиња од LEGO коцки: „Имам неколку стотици илјади коцки и продолж...
Лорета Квинси својата страст од детството ја претворила во нешто уникатно.
Ло...

12 совети за безбедност што треба да ги знаете – можат да значат живот
Кога одите на непозната локација, како сала за концерт, секогаш разгледајте кој ...

Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност
„Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...

Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат
Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...

„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ...
„Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...