6 практични трикови кои ќе ви се најдат во секоја ситуација
Како да ја извадите гумата за џвакање од косата? Што да направите ако чевлите ви создаваат плускавци, а немате фластер при рака?

Понекогаш решението на некој секојдневен проблем е бесплатно, само треба да го знаете. Затоа, прочитајте ги овие практични трикови кои ќе ви се најдат во секоја ситуација.
Некои од нив навистина ќе ве изненадат:
Ако сте заборавиле пари во облеката пред да ја исперете, исправете ги банкнотите така што ќе ги испеглате (пеглата треба да е на ниска температура). Секако, не го пробувајте овој трик со новите пластични банкноти.

Извадете ја гумата за џвакање од косата така што ќе ставите мраз преку неа. Чекајте да се стврдне, а потоа лесно ќе ја извадите без кубење, а нема да треба ни да ја потсечете косата.

За да не ви се заплетка кабелот од слушалките за телефон, пред да го ставите в џеб, свиткајте го околу показалецот и малиот прст (како на фотографијата) и подврзете го.

Ако чевлите ви прават плускавци над петицата, а немате фластер, премачкајте го местото со стик-антиперспирант - ќе забележите дека одењето ќе ви биде полесно, и местото нема да се иритира.

За најлесно да ја исцедите до крај пастата за заби, ставете обична шнола преку неа, па туркајте од дното на пастата кон отворот.

Ако ви паѓа косата, пред да ја исчешлате, на четката ставете влажно марамче. На овој начин полесно ќе ги соберете влакната што паднале.

A. J. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија...
Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
Трикови со кои ќе го заштите домот од кражби (кога не сте дома), според експерти за безбедност
Ако живеете во куќа со двор, важно е да ги осветлите темните места во дворот бид...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото
Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
Заборавената сопруга од Србија на Ајнштајн: Му ги решавала математичките проблеми, тој ја изневерува...
Првата сопруга на Ајнштајн, Србинката Милева Мариќ, бла гениј исто како и физича...
„Мајка ми беше осамена вдовица и бараше љубов на интернет – стана жртва на измамници и изгуби милион...
„Џенет беше скржава, си ги броеше и ситните пари, па не разбирам како воопшто ја...
Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело
Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...
