5 знаци дека самите сте виновни што сте несреќни во животот

Дали ја запоставувате грижата за себе? А, дали имате навика опсесивно да „скролате“ на Инстаграм?

5-znaci-deka-samite-ste-krivi-shto-ste-nesrekjni-vo-zhivotot-01.jpg

Задоволството и среќата што ги чувствуваме во животот можат да зависат од многу фактори – животен партнер, финансиска состојба, здравје… И, некогаш навистина не можеме да промениме многу кај некои работи.

Но, во многу случаи, ние самите сме одговорни за нашата среќа. Односно, од нас зависи дали ќе бидеме среќни или не.

5 сигурни знаци дека во голема мера вие сте виновни за вашата несреќа:

Зависни сте од телефонот

Уредите како смартфони и компјутери значително ни го олеснуваат животот, но, од друга страна, можат и да ни предизвикаат проблеми.

Дали најголем дел од слободното време поминувате на телефон?

Дали опсесивно „скролате“ на Инстаграм, ТикТок или која било социјална мрежа?

Дали ви е тешко да не го проверите телефонот повеќе од еден час?

Веќе и истражувањата покажуваат дека прекумерното користење социјални мрежи има негативно влијание врз нашата психичка состојба, па пробајте да воспоставите некаква рамнотежа.

5-znaci-deka-samite-ste-krivi-shto-ste-nesrekjni-vo-zhivotot-02.jpg

Не водите грижа за себе

Кога последен пат сте посветиле време само за себе?

Без разлика дали ќе отидете во теретана, во салон за убавина или ќе си направите вкусно јадење, грижата за себе во секоја форма е мошне важна за менталното здравје.

Овде целта не е да изгледате како супермодел, туку да се грижите за телото и здравјето за да се чувствувате подобро во своја кожа.

Бидејќи, кога не се грижите за себе, ќе чувствувате незадоволство и ова, нормално, ќе ве прави несреќни.

Го криете вашето вистинско лице

Од сите страни сме бомбардирани со совети за тоа како треба да изгледаме, да зборуваме, да се однесуваме…

Но, овие совети не значат да го криете вашето вистинско лице само со надеж дека ќе им се допаднете на сите други.

Важно е да бидете учтиви и да ги почитувате другите, но не за сметка на вашето вистинско „јас“.

Кога се криете зад некаква маска и правите работи само затоа што така требало, никогаш нема да бидете среќни.

5-znaci-deka-samite-ste-krivi-shto-ste-nesrekjni-vo-zhivotot-03.jpg

Избегнувате неуспеси по секоја цена

Не е лесно да се соочиме со неуспех, но ова е неизбежен дел од нашите животи.

Ако се плашите од неуспех и никогаш не ризикувате, никогаш нема ни да успеете, без разлика дали станува збор за некоја лична цел, нешто на поле кариера или нешто сосема друго.

Прифатете дека сите мора да се соочиме со неуспеси, но и разберете дека од нив можеме да научиме многу.

Не верувате во себе

Дури и да сте најпаметната, најобразованата и најспособната личност на светот, сето ова ви е залудно ако не верувате во себе.

Мора да работите на вашата самодоверба и да станете свесни за вашите квалитети.

Кога станува збор за недостатоците, користете ги како водич за што да подобрите и што следно да научите.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 знаци дека трошите неконтролирано (и не знаете каде ви одат парите) Секој ден купувате кафе наместо да си носите од дома, постојано купувате оброци ...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
8 знаци дека генерацијата Z веќе не ги прифаќа старите начини на работа (и како ги смени со нови нор... Одбиваат менаџерски позиции, не остануваат долго на една позиција, инсистираат н...
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
„Го мразев животот во Дубаи – наместо да уживам, работев 80 часа неделно, за плата со која едвај пре... Натали од Англија се преселила во Дубаи на само 18 години, откако добила работа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg