5 чести грешки што треба да ги имате предвид пред да се тетовирате

Добро размислете која големина најмногу ќе ви одговара на вашата тетоважа, а ако тату-артистот ви даде предлог за големината, вреди да го послушате бидејќи, сепак, има искуство.

5-greshki-na-koi-treba-da-vnimavate-koga-kje-odluchite-da-se-tetovirate-01.jpg

Изборот за тетоважа секогаш е голема одлука, особено ако ви е првпат.

Затоа, потребно е добро да размислите за тоа каде ќе ја поставите, каков ќе биде нејзиниот дизајн и слично.

Бидејќи тетоважата е трајна, погледнете на кои грешки треба да внимавате пред да се тетовирате:

Не правите „пробна тетоважа“

Пред да почне да ве тетовира, тату-артистот секако дека ќе ја преслика тетоважата на вашето тело и ќе тетовира според таа скица.

Но, пред да започне, дајте си време убаво да ја видите скицата на телото за да се осигурите дека тетоважата ќе изгледа како што сте замислиле.

Ако нешто не ви се допаѓа, овој период имате простор да кажете да се направи промена.

5-greshki-na-koi-treba-da-vnimavate-koga-kje-odluchite-da-se-tetovirate-02.jpg

Избирате погрешна големина

Понекогаш, кога тетоважата е преголема, не изгледа добро. Друга, пак, кога е премногу мала ја губи својата смисла.

Затоа, добро размислете која големина најмногу ќе ви одговара на вашата тетоважа, а ако тату-артистот ви даде предлог за големината, вреди да го послушате бидејќи сепак има искуство.

5-greshki-na-koi-treba-da-vnimavate-koga-kje-odluchite-da-se-tetovirate-03.jpg

Ја правите на погрешно место од телото

Дури и ако сте го избрале најдобриот дизајн на светот, сето тоа лесно може да се уништи ако го поставите на погрешно место на вашето тело.

Нашето тело сепак не е рамно како платно и на некои делови тетоважата може да изгледа лошо.

За ова, консултирајте се со тату-артистот кој ќе ви помогне да го најдете совршеното место за дизајнот.

5-greshki-na-koi-treba-da-vnimavate-koga-kje-odluchite-da-se-tetovirate-04.jpg

Ставате тетоважа со име на партнерот без размислување

Ако сте лудо вљубени, можеби ќе сакате да си ставите тетоважа со нешто што ќе ве потсетува на партнерот, можеби дури и неговото име.

Но, за жал, ова е грешка што ја прават многумина.

Ако вашата врска не трае, што ќе правите со таа тетоважа? Затоа, не избрзувајте со ваквите одлуки.

5-greshki-na-koi-treba-da-vnimavate-koga-kje-odluchite-da-se-tetovirate-06.jpg

Одлучувате набрзина

Иако има многу дизајни на тетоважи кои би можеле да ви бидат интересни и привлечни, одвојте време внимателно да одлучите што ви се допаѓа.

Не донесувајте одлука и веднаш наредниот час да одите да се тетовирате, зашто сепак таа (најверојатно) ќе биде на вашето тело до крајот на животот.

Отстранувањето на тетоважите е скап и болен процес, а и опцијата за покривање со друга тетоважа е скапа и не секогаш изводлива.

5-greshki-na-koi-treba-da-vnimavate-koga-kje-odluchite-da-se-tetovirate-05.jpg

М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

6 безбедносни совети кои можат да ви го спасат животот Што да правите ако сте во автомобил на раб на бездна или, пак, ако паднете во бр...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...
Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...
10 новогодишни суеверија што (наводно) ќе ви донесат среќа во 2026-та Ставете повеќе пари во паричникот за да биде полн кога ќе влезете во новата годи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg