„Разговарајте само за интересите на мажот“: Ретро совети за состанување, за сингл девојки
Не покажувајте емоции, не џвакајте мастика, не ја поправајте шминката – во минатото, жените морале да обрнуваат внимание на безброј ситници ако сакаат да му се допаднат на некој маж.

Во минатото, жените морале да исполнуваат навистина нереални стандарди.
Ако сакале да најдат партнер, морале да изгледаат беспрекорно, да внимаваат како седат, да не покажуваат емоции, да ги задоволат сите потреби и желби на мажот…
Доколку, пак, останеле сингл, биле гледани со потсмев и презир.
За среќа, денес правилата се променети и жените не треба да се претворат во друга личност за да освојат некого ниту, пак, мораат да се венчаат и да имаат семејство ако не го сакаат тоа.
Но, сигурно ве интересира кои биле очекувањата од жените во минатото.
