Себични работи што некои луѓе уште ги праваат кога летаат со авион
Не ги соблекувајте чевлите и немојте да ги потпирате нозете на седиштето пред вас.
Летањето со авион веќе е секојдневие, но сепак постојат грешки и неучтиви работи кои луѓето продолжуваат да ги прават.
Кога летаме со авион, важно е да бидеме свесни дека околу нас има и други луѓе и не треба да бидеме себични.
Дел од најчестите грешки што ги прават луѓето кога летаат во авион:
Потпирачот за раце не е само ваш
Седиштата во авионите се мали и имаат заеднички потпирачи за раце. Па, немојте да го окупирате целиот потпирач и оставете малку простор и за личноста која седи до вас.
Ако, пак, седите покрај прозорецот или на седиштето на крајот, оставете ѝ го потпирачот на личноста во средината бидејќи нејзе ѝ е најмалку удобно.
Немојте да го спуштате седиштето до крај
Дури и ако е во прашање подолг лет, немојте да бидете неучтиви и да го спуштате седиштето до крај за да се релаксирате.
Помислете како би ви било ако личноста пред вас го направи тоа.
Секогаш прашајте ја личноста зад вас дали е во ред да го спуштите седиштето и погрижете се дека ќе има доволно простор.
Користете слушалки
Ова правило важи не само за во авион, туку на секој јавен простор.
Никој не сака да ги слуша видеата што ги гледате ниту, пак, вашите разговори. Затоа, секојпат користете слушалки.
Не ги кревајте нозете
Никогаш немојте да ги качувате нозете на седиштето, уште помалку на потпирачот на седиштето пред вас.
Исто така, немојте да ги соблекувате чевлите, освен ако не сте сигурни дека чорапите ви се чисти и стапалата не ви мирисаат.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





