Себични работи што некои луѓе уште ги праваат кога летаат со авион
Не брзајте да излезете од авионот
Немојте да се „тепате“ за да излезете од авионот бидејќи сигурно нема да ве заклучат внатре.
Станете од седиштето дури откако стјуардесите ќе дадат сигнал за тоа и чекајте да ви дојде редот.
Одете во тоалет само кога е дозволено да станувате
Ако појасот треба да ви биде врзан или ако гледате дека има стјуардеса со количка, воздржете се неколку минути и не станувајте за во тоалет.
Исто така, ако има редица, не правете дополнителен метеж пред тоалетот и почекајте да завршат другите.
Бидете трпеливи ако има бебе што плаче
Никој не сака да слуша плачење на бебе додека е во авион, но пробајте да бидете трпеливи. Родителите кои патуваат со бебе и онака се под стрес и не секогаш можат да контролираат кога бебето ќе заплаче.
Најдобро е однапред да се подготвите за ваква ситуација со тоа што ќе си понесете слушалки.
Немојте да седите многу раширено
Почитувајте го просторот на другите патници и немојте да ги ширете нозете. Држете се до просторот што е само ваш.
Не претерувајте со парфем
Кога летате со авион најдобро прескокнете го парфемот.
Во мал простор како авионот, парфемот може да виде пресилен за некои патници, а и само затоа што вам ви се допаѓа, не значи дека ќе го сакаат сите.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





