Очекувате гости викендов? Еве рецепти за на брзинка!

Имате ли план за викендов? Сакате да уживате во друштво? Мора да спремите барем нешто вкусно за да ги воодушевите вашите гости!

ocekuvate-gosti-vikendov-eve-recepti-za-na-brsinka

Во прилог се 2 наши предлози:

Соленки

За подготовка на овие вкусни соленки потребни ви се:

- 300gr пасирано (или здробено со вилушка) сирење
- 400gr брашно
- 250gr маргарин
- 1 прашок за пециво
- 1 јајце

Брашното се меша со прашокот за пециво и маргаринот, се додава сирењето и 1 жолчка. Се прави кора (дебела околу 1-1,5cm) и се мачка со белка. Одозгора може да посипете со сусам, ким, црн сусам и сл. Тестото се сече во форма по желба (ние ги преферираме на стапчиња од околу 5-6cm). Се пече во загреана рерна на 200°С се додека не постигнат златно-румена боја. Одлични се како грицки, за со пиво и сл.

Тесто со овошје

Ние уживаме во овој брз колач кој е навистина превкусен. Овошјето може да биде било кое свежо или замрзнато (препорачливо е да е посочно за да не биде сув колачот). Може да користите сливи, праски, кајсии.Но, нас ни е највкусно со вишни!

За овој рецепт потребни се:

- 5 јајца
- 12 лажици (супени) шеќер
- 12 лажици млеко
- 12 лажици зејтин
- 15 лажици брашно
- 1/кесичка прашок за пециво
- 1 пакување вишни (всушност, овошје ставате количински во зависност од тоа за кое овошје се работи)

5те јајца се матат со шеќерот. Потоа постепено се додаваат млекото, зејтинот и брашното претходно измешано со прашокот за пециво. Рерната се загрева на 200°С. Тавата за печење се подмачкува со зејтин врз кој посипуваме малку брашно (за да не се залепи тестото). Пола од тестото се истура во тавата и се става да се пече неколку минути на 200°С, а потоа се намалува на 175°С. Кога е малку потпечено се додаваат вишните (или овошјето по ваш избор) и се додава вториот дел од тестото. Ако сакате да биде попримамливо за очи (а, и за вашето непцеJ), во едниот дел од тестото може да додадете 1-2 лажици какао за да колачот биде шарен. Точно време на печење нема, според нашите баби треба да се пече се додека при проверка со чепкалка за заби тестото не прекине да се лепи на чепкалката . На крај можете да го посипете со шеќер во прав.

На здравје!

Би можело да ве интересира:

8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Не прават нова зграда без паркинг и уште 6 детали од животот во Јужна Кореја (што се подобри од кај ... Со секоја нова станбена зграда се прави гради и паркинг, а домовите се загреваат...
Модерни бонтон правила: 9 работи што не треба да ги кажете преку порака Ако озборувате некого преку порака, без разлика дали на Фејсбук, Инстаграм или д...
Вирална објава на учител: „Барав учениците да напишат што им тежи - раскажаа за неправди, болести, с... „Работам во училиште како наставник 22 години. И вчера, ми се чини, доживеав еде...
12 луѓе кои создадоа убав простор во домот и дворот со своите две раце (фото) Стара кујна трансформирана во модерен простор, ново купатило кое не личи на стар...
Ракоплескање откако авионот ќе слета и уште 8 „учтиви“ работи што ги нервираат стјуардесите (и други... Немојте да ја преуредувате преградата за рачен багаж. Ако нема доволно место, не...

Најчитани неделава