Подгответе: Баунти топчиња со кокос

За сите љубители на кокосот имаме едноставен рецепт како секојдневно може да си приготват слатко задоволство.

podgotvete-baunti-topcinja-so-kokos-1

Во домашни услови, со едноставни состојки и брз рецепт подгответе Баунти топчиња чиј вкус не е далеку од оној оригиналниот.

Сè што ви е потребно е:

- 3 шолји (за млеко) брашно од кокос

- 200ml кондензирано млеко

- 5-6 лажици шеќер во прав

- 1 лажичка екстракт од ванила

- 350gr темно чоколадо

Комбинирајте го кокосовото брашно со кондензираното млеко во голем сад. Додадете го шеќерот во прав, така што треба да добиете тврда смеса. Додадете го екстрактот од ванила и добро промешајте ја смесата.

Оставете ја да потстои во фрижидер или замрзнувач додека не се зацврсти. Потоа обликувајте мали бомбици кои ќе ги прелиете со топено чоколадо. По желба може да ги прелиете со бело чоколадо, да додадете чоколадни мрвици или пак некоја арома.

podgotvete-baunti-topcinja-so-kokos-2

podgotvete-baunti-topcinja-so-kokos-3

Би можело да ве интересира:

5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
Не прават нова зграда без паркинг и уште 6 детали од животот во Јужна Кореја (што се подобри од кај ... Со секоја нова станбена зграда се прави гради и паркинг, а домовите се загреваат...
Лудата приказна за парот кој чувал огромна мечка: Ѝ правеле шпагети, ѝ славеле родендени Почнувајќи од 1970-тите, пар од Шкотска цели 25 години чувал мечка. И покрај тоа...

Најчитани неделава