Работи од кои треба да се ослободите според фенг шуи

Фенг шуи, кинеската вештина за уредување на просторот и живеењето во скалд со него, вели дека не е сè во позиционирањето на предметите во куќата, бидејќи секој од тие предмети носи одредена енергија.

raboti-od-koi-treba-da-se-oslobodite-sporeg-feng-sui

Ви преставуваме список на работи од кои треба веднаш да се ослободите, бидејќи нивната енергија не е ниту малку позитивна.

Суво цвеќе
Сувото цвеќе создава лош фенг шуи, бидејќи преставува неподвижна енергија. Затоа би било најдобро да се ослободите од букетот за матура... Живите растенија кои што цветаат држете ги во близина на влезот од станот или куќата бидејќи тие ќе го исполнат просторот со енергија и ќе ви го подигнат расположението.

Нефункционални апарати
Стручњаците за фнг шуи сметаат дека електронските апарати преставуваат сила и моќ. Скршените, нефункционални апарати или електроника од време на време во вашиот живот ќе се манифестираат во облик на здравствени проблеми, пропадната врска или лоша ситуација на работа. Или поправете ја таа техника или фрлете ја. Подобро е според филозофијата на фенг шуи просторот да биде празен, отколку исполнет со расипан телевизор, тостер.

Овенати растенија
Растенијата во фенг шуи симболизираат раст, но само ако растат. Ако собните растенија ви умираат, ќе ви направат проблеми. Можеби ќе ви биде тешко да станете наутро, а на работа ќе чувствувате умор. Ако растенијата страдаат затоа што сте вие немарни, фрлете ги и набавете здрави. Мислите дека немате рака за одржување на собните растенија? Немојте да очајувате. Подобро е растенијата што умираат да ги замените со декоративни ткаенини.

Стара храна
Фенг шуи ја гледа храната како симбол на способност да примате и давате љубов. Затоа фрижидерот со стара, расипана храна може сериозно да ја загрози врската. Чистете го еднаш неделно. Фрлете сè што не е повеќе за јадење.

Фотографии на бившите
Дури и ако сте во добри односи со бившите, не е здраво нивните фотографии да стојат на видни места. Фотографиите сами по себе содржат силна енергија и имаат големо влијание на потсвеста.

Би можело да ве интересира:

Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
7 бон-тон правила за во ресторан и на свечени настани Ако сте на свечен настан со шведска маса, едната рака секогаш нека ви биде слобо...
Кул трикови што ќе ви се најдат кога престојувате хотел Испеглајте ја облеката со пареа во бањата, а доколку треба да исперете нешто во ...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
„Губење“ време и уште 9 работи што сите треба да ги правиме почесто Денес, кога сè околу нас се случува пребрзо и неретко немаме ни време да здивнем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg