10 трикови како да изгледате убаво на фотографиите

Сите уживаме кога ги разгледуваме старите фотографии од летувања, забави, родендени и други прослави, но многу често се разочаруваме од тоа како изгледаме на повеќето од нив.

10-trikovi-za-da-izgledate-ubavo-na-fotografija-1

Па, наместо следниот пат да бегате и да се криете од објективот и да останете без спомени, ви предлагаме да ги прочитате овие мали, корисни совети за тоа како да позирате и да изгледате сјајно на фотографија.

1. Насочете го погледот неколку сантиметри над објективот на апаратот, лицето и вратот  исфрлете ги малку кон напред и спуштете ја брадата.

2. Поставете го јазикот зад забите и благо насмевнете се. На овој начин лицето ќе ви изгледа поопуштено.

3. Држете ги рацете до телото, но да не изгледаат дека се залепени. Спуштете ги природно и малку оддалечете ги

4. Тестирајте која боја ви одговара најмногу на тенот и облечете ја токму таа за некоја официјална фотографија.

5. Избегнувајте облека со животински дезен.

6. На фотографија се' изгледа понагласено, отколку во реалност. Затоа, не претерувајте со шминката. Нагласете ги само очите или устата и тоа е доволно.

7. Вежбајте позирање. Телото треба да ви е свртено така што две третини се во правец на камерата. Едната нога ставете ја пред другата, а едното рамо поблиску до фотографот. Никогаш не застанувајте паралелно со цело тело кон фото апаратот бидејќи така ќе изгледате како пошироки од тоа што сте.

8. Ако се фотографирате додека стоите вовлечете го стомакот, стегнете ги бутовите, рамената нека бидат зафрлени кон назад и исправете го грбот.

9. Анализирајте некоја стара фотографија нa која си се допаѓате. Ќе забележите дека сте природни, спонтани и весели. Најдобрите фотографии се оние кои се „уловени“ кога личноста не е ни свесна дека ја фотографираат.

10. Опуштете се. Земете воздух и испуштете го, а потоа потрудете се да ги затворите очите и да ги отворите непосредно пред фотографијата да биде направена.

Би можело да ве интересира:

8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Неочекувани, но пријатни изненадувања што ги носи староста, според повозрасни дами „Едноставно, веќе не се грижам за ништо. Не ми се верува колку време сум трошела...
Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...

Најчитани неделава