Природни средства за отстранување шминка

Секојдневното чистење на лицето со млеко за отстранување шминка може да ја надразни вашата кожа. Одлична замена се продукти кои можете да ги најдете во вашата кујна, а кои не содржат хемикалии и можете да ги спремите на едноставен начин.

prirodni-sredstva-za-otstranuvanje-shminka-2

Млеко и јогурт

Млекото ги чисти и најдлабинските слоеви од кожата и е вистински избор за чувствителните очи. Ја смирува и чисти маснотијата на лицето, а протеините кои ги содржи, кожата лесно ги впива и се регенерира.

Доволно е само една лажица млеко да смешате со неколку капки бадемово, кокосово или маслиново масло и со таа смеса да ја отстраните шминката од лицето.

Масло

Маслиновото масло ефикасно ја отстранува шминката, па дури и онаа водоотпорната. Можете да натопите памучно топче само во маслиново масло и така да ја отстраните шминката, а можете  и да направите смеса од една лажица маслиново и една лажица рицинусово масло, бидејќи ова е комбинација која одговара на сите типови кожа.

Краставици

Краставиците се богати со силициум – минерал кој го зацврстува тонусот на кожата. Освен тоа, краставиците го поттикнуваат создавањето на колаген во кожата и помагаат во забавување на процесот на стареење. Во комбинација со малку млеко, успешно ја отстрануваат и шминката.

Во блендер измиксајте една краставица, и полека додавајте пола шолја млеко. Потоа смесата ставете ја во друг сад и варете околу 10 минути. Оставете да се олади.

Тоник за чистење на лицето можете да направите и так што ќе изрендате една краставица, ќе го процедите сокот и ќе додадете неколку капки детско масло.

Би можело да ве интересира:

„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...
10 новогодишни суеверија што (наводно) ќе ви донесат среќа во 2026-та Ставете повеќе пари во паричникот за да биде полн кога ќе влезете во новата годи...
„Пред и потоа“ фото-споредби што ќе ве мотивираат да направите генералка (пред да дојде зима) „По тежок период во животот, станот ми беше хаос. Чистев осум часа“. „По тежо...
Бонтон правила што мора да ги следите на социјалните мрежи Не пишувајте навредливи коментари кои не би ги кажале во живо и подобро воздржет...

Најчитани неделава