Трикови за скратување на утринската рутина

Сигурно мислете дека излегувањето наутро средени, свежи и да успеете да стигнете на време на работа е невозможна мисија. Но, постојат повеќе трикови кои ќе ви помогнат да ја забрзате утринската рутина и да ја исполните мисијата.

trikovi-za-skratuvanje-na-utrinskata-rutina-01

Туширајте се ноќта пред да одите на работа
Можеби ова ви изгледа очигледно, но ќе се изненадите колку време може да ви заштеди. Наместо да го почнувате денот со стрес дали ќе постигнете се во утрото, туширајте се ноќта и разбудете се со помалку обврски.

Користете сув шампон
Сувите шампони станаа нешто што секоја жена мора да го има. Тоа се всушност спрееви кои ја сокриваат мрсната коса и непријатниот мирис, а ако користете сув шампон од прав косата ќе добие и волумен. Ќе изгледате како да сте излегле директно од фризер.

Стилизирајте ја косата додека спиете
Доколку се одлучите за локни, средете ја косата навечер. Не само што времето за спремање за на работа се намалува, туку и косата ќе ви изгледа поприродно.

Организирајте го просторот во кој се спремате
Времето за спремање може драстично да се намали ако знаете што кај се наоѓа. Затоа направете план и одвојте половина час за да се организирате како што ви одговара вас.

trikovi-za-skratuvanje-na-utrinskata-rutina-1

Користете два во еден производи
Унапредете ја својата колекција на производи така што во неа ќе вклучите мултитаскинг производи. Имате избор од безброј вакви козметички препарати кои можете да ги користите во својата рутина за разубавување.

Користете црвен кармин
Црвениот кармин е ултимативната изјава за гламур и е доста практичен за оттргнување на погледот од уморните лошо нашминкани очи.

Направете трајна шминка
Ако сте жена која не излегува од дома без маскара, размислете за тоа да направете трајна шминка на веѓите и на очните капаци. Така секогаш ќе имате средени веѓи и трепките ќе ви изгледаат густо и впечатливо.

Заштедете време на депилирање
Неколку минути за средување на нозете не делува многу, но сепак звучи убаво кога би се ослободиле од оваа обврска.

Би можело да ве интересира:

Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
Знаци дека мора да направите рамнотежа меѓу приватниот живот и работата Не можете да го исклучите телефонот без чувство на вина и горди сте што сте прем...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Трикови со кои ќе го заштите домот од кражби (кога не сте дома), според експерти за безбедност Ако живеете во куќа со двор, важно е да ги осветлите темните места во дворот бид...

Најчитани неделава