14 совети за позабавен живот

По малку сте изморени и незадоволни бидејќи животот не ви носи нови возбудливи авантури и потполно се претвори во рутина?

14-soveti-za-pozabaven-zivot-01

Понекогаш одлучете се да промените некоја ситна работа, па наместо да ја повторувате едната иста грешка, носете драматични и разнолики одлуки кои ќе внесат голема промена во вашиот живот.

1. Смејте се почесто. Секој ден погледнете се во огледало и подарете си задоволна и искрена насмевка.

2. Одмарајте се доволно. Ако не можете да се привикнете на идејата да не правите ништо и тешко ви е да лежите, пронајдете едноставно хоби за релаксација. Читајте, сликајте или изработувајте накит.

3. Правете мали промени. Започнете со нешто што е незабележливо. Постепено тргнете во правецот во кој посакувате, но имајте на ум дека ништо не се случува преку ноќ.

4. Станете жедни за знаење. Што повеќе сакате да знаете, толку поинтересен ви се чини светот околу вас.

5. Ценете го секој чекор. Радувајте се на секоја промена. Не е важна само целта, туку и чекорите кои ги правите додека да стигнете до нра.

6. Вратете и се на природата. Повеќе од деновите поминете ги во природа, отколку пред компјутер. Излезете, испијте кафе на клупа, направете пикник ручек или пак гледајте филм на големо платно во дворот.

7. Задоволството секогаш нека ви биде приоритет. Направете си листа на нештата кои ве радуваат и уживајте во нив максимално.

14-soveti-za-pozabaven-zivot-1

8. Обојте го животот. Бирајте шарено овошје и зеленчук, разнобојна облека, но и разновидни пријатели.

9. Разбудете се среќни. Можеби не ви се чини така лесно, но всушност е многу едноставно. Штом ги отворите очите тивко прошепотете: „Денес ќе биде среќен ден!“

10. Во распоредот додајте несекојдневни активности. Бегајте од рутината колку што можете почесто. Одвојте барем еден час дневно и испробајте нешто ново, без разлика дали се работи за храна, спорт или запознавање на нова личност.

11. Никогаш не го завршувајте денот со вести. Во кревет би требало да размислувате за нешто што ве опушта, а не да се грижите за лошите работи. Секогаш денот завршете го со нешто што го сакате.

12. Станете ранобудник. Разбудете се барем 30 минути порано од вообичаеното и тоа време искористете го за лесна утринска прошетка, вкусен појадок или опуштено кафе.

13. Правете модни ревии без оглед на годините. Најмалку два пати во годината извлечете ја сета облека од гардероберот и распоредете ја по сезона, боја, модел, материјал...

14. Создавајте нови пријателства. Ќе се зачудите колку новите личности во животот може да ви го променат секојдневието.

Би можело да ве интересира:

Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
6 безбедносни совети кои можат да ви го спасат животот Што да правите ако сте во автомобил на раб на бездна или, пак, ако паднете во бр...
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...

Најчитани неделава