10 сличности помеѓу мажите и жените

Толку многу книги и текстови постојат за различностите помеѓу жените и мажите и сè повеќе се пропагира идејата дека никогаш не можеме да ги ускладиме интересите, освен ако не ги разбереме различностите.

10-slicnosti-pomegu-mazite-i-zenite-01

Сепак, колку и да ви се чини спротивно на сè што сте слушнале, овие 10 сличности не' поврзуваат:

1. Не сме совршени - Сите очекуваме да имаме совршена мајка, ќерка, девојка, момче, брат или татко, но тоа не е возможно. Престанете да очекувате премногу. Обидете се да ги разберете несовршеностите и да простите.

2. Стереотипите не' повредуваат - Стереотипите врз база на половите не' навредуваат сите подеднакво. Ослободете се од нив и одберете го она што го сакате и дајте им ја истата можност на другите.

3. Ни треба љубов и почитување - Иако се смета дека на жените им треба повеќе љубов, а на мажите почитување, тоа не е точно. И на едните и на другите неопходно им е подеднакво.

4. Имаме проблем со довербата - Низ нашите негативни животни искуства сме минале низ голем број на измами, неисполнети ветувања и напуштање. На сите ни треба малку сигурност и утеха од личностите кои ги сакаме и им веруваме.

5. Несигурни сме - Без оглед дали причина за тоа е изгледот, споредувањето со другите илинедостатоците кои само ние ги забележуваме, сите со себе си носат одредени комплекси.

6. Имаме чувства - Жените често се сметаат за претерано емотивни, а мажите за нечувствителни, меѓутоа вистината варира.

7. Имаме цели и амбиции - И мажите и жените имаат исти цели и амбиции. Секој го бира својот фокус, но сите сакаме да бидеме најуспешни во она што ни е важно.

8. Имаме различни гледишта на успехот - Не мажите и жените, туку општо сите луѓе. Секој го доживува успехот на различен, поинаков начин. Некој сака да биде корпоративен лидер, а некој најдобар родител.

9. Имаме сопствените ставови - Сите доаѓаме од различни семејства или култури и нормално е да имаме различни ставови и уверувања, но не врз база на полот.

10. Сите плачеме - Не е срамота да ги изразиме чувствата преку солзи. Сите плачат, некои поретко, некои почесто, но солзите на сите ни се прв начин на изразување емоции, уште од бебиња.

Би можело да ве интересира:

8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
10 фотки кои ќе ве збунат – доказ дека начинот на кој ги гледате работите многу менува За некои фотки ќе треба да погледнете двапати, а можеби и повеќепати за да сфати...
Двојни стандарди од кои ни се крева косата - лицемерни реакции на иста ситуација меѓу мажите и женит... Околината поинаку „ги суди“ мажите и жените кои не брзаат да стапат во брак. Кои...
9 реални илустрации колку се менува животот на жените кога имаат 20 vs. 40 години Со годините доаѓа и способноста за поставување граници во комуникацијата со коле...
„Пријателката ми исчезна од животот преку ноќ - ме боли повеќе од развод“ „Ги гледавме нашите деца како растат и се поддржувавме кога нашите бракови заврш...
Неочекувани, но пријатни изненадувања што ги носи староста, според повозрасни дами „Едноставно, веќе не се грижам за ништо. Не ми се верува колку време сум трошела...

Најчитани неделава