Кој ги одговара писмата на Дедо Мраз?

Вреќата на Дедо Мраз и е премала, а поштенското сандаче оваа година може да експлодира од писма пристигнати од целиот свет.

dedo-mraz-ima-polna-vrekja-pisma-01

Приближна бројка од 8 милиони писма е утврдена врз основа на анкета спроведена во земјите членки на Универзалната поштенска унија. Таа значително го надминува бројот од шест милиони писма од 2007 година кога последен пат е направена ваква официјална анкета со толку големи резултати.

Неколку пошти, посебно во Канада, Франција, Шпанија и Ирска бележат пораст на бројот на писма во споредба со ланската 2012 година.

На Дедо Мраз му пишуваат и деца, млади, но и повозрасни. Сите кои веруваат во него и имаат желби и кои мислат дека може да им ги исполни токму Дедо Мраз.

Во некои земји поштенската служба која одговара на тие писма потврдува дека најчеста адреса е „До Дедо Мраз – Северен Пол“.

Во Канада дури има и посебен фах за Дедо Мраз, „HOH-OHO“.

dedo-mraz-ima-polna-vrekja-pisma-1

А во Германија на местото Бранденбург, чие име во превод значи „небесна порта“ пристигнале над 300.000 писма од деца кои сметаат дека токму таму живее Дедо Мраз.

Поштенската филијала во Химелпфорт, најголемата филијала на Дедо Мраз во Германија, соопштила дека примила и одговорила на 298.000 писма од деца од Германија и од 78 други земји во светот.

Првпат биле пронајдени и писма за Дедо Мраз испратено од Мјанмар, Макао, Непал и Пакистан.

Божиќната поштенска филијала во Химелпфорт постои 29 години. Првите две писма адресирани до Дедо Мраз во Химелпфорт пристигнале во 1984 година, кога во тоа место живееле само 550 жители.

Надлежниот службеник толку се разнежнил што немал срце да ги врати назад писмата, па самиот тој им одговорил во име на Дедо Мраз. Денес повеќе од 20 соработници одговараат на писмата од децата, кои некогаш надминуваат бројка и од 450.000 писма.

dedo-mraz-ima-polna-vrekja-pisma-2

Божиќната филијала станала вистинска туристичка атракција, па оваа година ја посетиле скоро 25.000 луѓе.

Според последната анкета и утврдена статистика веројатно Французите најмногу веруваат во Дедо Мраз.

Најмногу писма испраќаат Французите (1,7 милиони), Канада (1,35 милиони), САД (1 милион), Бразилците (964.000), Британците (800.000), Финците (550.000), Русите (350.000), Германците (300.000), Ирците (130.000), Португалците (100.000) и Грците (80.000)

dedo-mraz-ima-polna-vrekja-pisma-3

Му испративте вие писмо на Дедо Мраз?

Би можело да ве интересира:

„Другарка ме третира како бесплатна дадилка – ми ги остава децата без најава, очекува да им готвам“ „Јас работам од дома и немам деца. Но, не сум во финансиска состојба која ми ово...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
13 корисни работи од TEMU кои ќе ви го олеснат летниот одмор со деца Направа за полесно нанесување крем за сончање, голема мрежеста торба која собира...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
Работи кои ни беа норма во `90-тите и 2000-тите, но новите генерации тешко дека ќе ги преживеат „Денешните деца не знаат што значи да им биде навистина здодевно“. „Денешните...
Проклетството на Британец што освоил 170 милиони евра на лото: Развод, сообраќајка и пропаднати бизн... Во 2012-та, животот Британецот Адријан Бејфорд драстично се променил откако осво...

Најчитани неделава