Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Помош при незгоди на плажа

Од уживање до проблем има само еден мал чекор и за многумина туристи забавата на плажа во секунда може да се претвори во кошмар. Најмало невнимание...

 

... може да доведе до сериозни незгоди. Еве како да постапите ако дојде до некои од таквите несакани случки:

1. Убод од морско еже
Во плитките морски води живеат морски ежови, кои можат да ве убодат доколку не внимавате каде газите. Проблемите ќе станат уште поголеми ако боцките од ежот останат во вашето тело, па поради тоа нужно е таквите pomos-pr-nezgodi-na-plaza1боцки да се извадат веднаш и тоа од професионално лице.

Прва помош: Традиционално средство за ублажување на убодот е смоквино млеко кое ќе ја намали болката. За да не дојде до гноење намачкајте го местото со антибактериска крема, а после вадење на боцката се препорачува крема богата со рибино масло.

2. Медуза
Топлите и провидни мориња ги кријат медузите. Средбата со нив е незабележлива. Но, сепак за нив тоа претставува момент на самоодбрана при што тие испуштаат посебна течност – киселина, која во допир со човечката кожа и слузокожа предизвикува непријатност, црвенило, печење, или плускваици. Во допир со очите, ситуацијата може да стане доста лоша.

Прва помош: Традиционален метод за намалување на мачнината е третман со пресечен домат, кој се става на нападнатото место. Постојат и посебни креми за овој вид на проблем.

3. Исеченици
На плажите има илјадници посетители, па меѓу нив можат да се најдат и некои несовесни кои фрлаат секаков вид отпадоци на самиот песок кој ги покрива и тој станува невидлив. Но, сепак може да предизвика убоди и исеченици, а со самото тоа и да пренесе инфекции, дури и тетанус. Задолжителна е посетата кај лекар и антитетанус вакцина.

Прва помош: Најпрво, сопрете го крварењето, направете дезинфекција со јод, или алкохол и затворете ја раната со ханзапласт, или завој. И отидете веднаш на лекарски преглед.

4. Изгореници од сонце
Најчестиот проблем со кој се соочуваат летувалците. Покрај грдиот изглед, изгорениците се и болни, што понекогаш ќе ве остават и без спиење. После неколку дена кожата почнува да се лупи и се појавува нов слој млада кожа.

Прва помош: Доколку дојде до ова, кожата треба значително повеќе да се хидратира со креми за после сончање, освен ако не се работи за потешки случаи, кога е неопходна  консултација со специјалист. Сепак, најчесто користено средство, кое се покажало како успешно, е мачкање со густо кисело млеко кое бавно се суши на кожата.

5. Сончаница
Предолг престој на сонце без соодветна заштита резултира во сончаница. Исцрпеност, вртоглавица, мачнина и повраќање се само некои од симптомите на оваа состојба. Сончаницата бара неколку дневно лежење во кревет и внесување на големи количини течности, најдобро супа, чорби и овошни сокови.

Прва помош: Личноста која има сончаница веднаш треба да се тргне од сонце и да се стави во полуседечка положба. Доколку не е способен сам да пие, треба во устата да му става по една голтка вода од време навреме и на челото да му се стави крпа натопена во вода.

Би можело да ве интересира:

Детали од секојдневието на Бразилците што ќе ве зачудат Доцнењето им е најнормално нешто, а трагите од сончање се знак за убавина – како...
14 забавни фото-споредби: Различности кои не се опишуваат со зборови Нов и стар пар патики сликани еден до друг, маж пред и по трансплантација на кос...
10-те најсмртоносни временски непогоди од изминативе 20 години Топлотните бранови во Европа, но и бурата што лани зафати делови од Грција и Буг...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
„Моите родители дозволија да пораснам со таблет - станав зависен од интернет, немав детство“ „Гневен сум бидејќи знам дека можев да имам нормално детство, со вистински прија...
Се заколнуваат на тајност до крајот на животот – Строгите правила што ги следат агентите на ЦИА Нормално, мора да се заколнат на лојалност на САД и ако ја предадат државата на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg