Дизни авион како од бајка

На 2 декември 2013 година во Калгари, WestJet, WestJet Vacations и Walt Disney Parks & Resorts (Canada) изработиле специјална верзија на авион Боинг 737-800 на кој е насликан Мики Маус како магионичар.

disney-avion-kako-od-bajka-video-01

Тоа е неговата прва улога во филмот „Фантазија“ на Волт Дизни, кој се појавил во 1940 година.

Првиот лет овој авион го имал на 3. декември на релација Калгари – Орландо, домот на Мики Маус и ресортот Walt Disney World.

После тоа патување, „Магичниот авион“ има 39 летови неделно од сите канадски градови до Орландо.

Она што може да се види насликано на авионот е приказна раскажана од крајот до врвот на авионот.

Започнува со ликот на Мики Маус со магионичарска шапка како ги издолжува рацете испуштајќи магичен прав и магични ѕвезди на крилата на авионот.

disney-avion-kako-od-bajka-video-1

disney-avion-kako-od-bajka-video-2

На врвот завршува со огномет околу дворецот на Пепелашка во Walt Disney World.

disney-avion-kako-od-bajka-video-3

И внатрешниот дизајн е луксузен, со меки кожни седишта на кои има магични ѕвездички, а гостите добиваат колачиња во облик на дизниевите ликови.

disney-avion-kako-od-bajka-video-4

Постојат и некои интересни факти околу изработката на овој „Магичен авион“:

  • Двете страни на авионот се огледални слики една на друга, вистинска е една, но не се открива која.
  • Вкупно 36 различни бои се употребени при неговото боење.
  • Во рок од 24 дена на него работел тим од 26 луѓе.
  • Во текот на овие 24 дена работниците изеле повеќе од 150 крофни.
  • Во тимот учествувале луѓе од 5 држави, 2 провинции и 12 градови.
  • Во следните 5 години, со магичниот авион ќе летаат повеќе од 400.000 патници и ќе бидат поминати околу 8 милиони километри.

Погледнете го видеото за да видите како беше создаден овој „Магичен авион“.

Би можело да ве интересира:

Татко ѝ беше убиен, брат ѝ загина во авионска несреќа, детето ѝ почина од рак: Тажниот живот на ќерк... Керолин Кенеди е единствениот преживеан член од семејството Кенеди. Татко ѝ Џон ...
Морничави трагедии кои се случиле во парковите Дизниленд (и Дизни пробува да ги скрие) Дете изедено од крокодил, дечко кој загинал на ролеркостер кој се изместил од ши...
Исчезнувања од крузери од кои ќе ве полазат морници – со години се обвиени со мистерија Жена чие исчезнување не ни било пријавено од екипажот, жена која била најдена мр...
Ракоплескање откако авионот ќе слета и уште 8 „учтиви“ работи што ги нервираат стјуардесите (и други... Немојте да ја преуредувате преградата за рачен багаж. Ако нема доволно место, не...
14 фото-докази од ситуации кога природата создала магични моменти Замислете – кршите јајце и од него излегуваат две жолчки. Или очекувате огромна ...
Coca Cola ја донесе божиќната магија – рекламата повторно со AI, делува како бајка од Disney филмови... Панди, фоки и други животни се главни ликови во новата божиќна реклама на Coca C...

Најчитани неделава