Знаете да си гледате на кафе? Откријте ја судбината преку неколку симболи

Уметноста  „гледање на кафе”  е стара колку и самото кафе. Турското кафе и предвидувањето на иднината се неразделни бидејќи тоа е дел од задоволството кое го дава самото кафе.

znaete-da-si-gledate-na-kafe-otkrijte-ja-sudbinata-preku-nekolku-simboli-01

Некои луѓе сметаат дека гледањето на кафе не е добро, бидејќи не е убаво предвреме  да си ја знаеме судбината.

Но, и покрај ваквите совети никој од нас не може да одолее да дознае нешто повеќе за својата судбина, посебно девојките кога пијат кафе со другарка која „знае да ја предвидува судбината”.

Гледањето на кафе не е некоја голема филозофија, само треба да научите да препознавате знаци во талогот и да научите некои основни правила за гледањето.

Прво, кафето се пие со десна рака.

Откако ќе се испие кафето, со левата рака се размрдува талогот да се распореди низ целиот филџан, за да се формираат јасно фигурите. Потоа свртете го филџанот врз тацна со рачката свртена кон вас, за желбата која ќе ја замислите на крајот да зависи од вас.

Оставете го талогот  да се исуши пред да почнете со гледање, во споротивно доколку го подигнете финџалот  неисушен, тоа значи дека ќе плачете.

Еве неколку основни фигури кои се јавуваат најчесто во талогот од кафето и нивното значење:

znaete-da-si-gledate-na-kafe-otkrijte-ja-sudbinata-preku-nekolku-simboli-2

Око – некој сака да ве види или постои личност која ви завидува

Пеперутка – знак за конфузно пријателство кое е пред распаѓање

Една права линија – патување и среќно враќање

Круг – вашата судбина е отворена

Ѕвонче – добра вест

Птица – добивање на пари или неочекуван подарок.

Сидро – добра вест, успех, патување

Бебе – утеха, доколку сте тажни, ќе бидете смирени и утешени.

Три точки во облик на триаголник – некој ваш пријател ќе ви побара помош. Не го игнорирајте .

Уво – не верувајте на секое ветување, ризикувате да бидете повредени.

Лист – вести од стар/а пријател/ка, пријатна средба.

Клуч – ќе заклучите нешто, ќе освоите нечие срце.

Панделка – ќе заврзете некоја работа.

Печурка – заштита, некој ве штити.

Змија – имате душман/ка, најчесто кога ќе се види ваков симбол со прст се откинува главата на змијата.

Змеј – исполнување на желбите.

Катанец – доколку е отворен – изненадување, ослободување, во спортивно – грижи.

Квадрат – депресија.

Лав – моќен пријател, унапредување во работата.

Детелинка – среќа.

Маска – изневерување од страна на блиска личност.

Рогови – опасност во близина.

Шешир, шапка – сè ви оди од рака, мирен живот.

Свеќа – неочекувана помош, романтични моменти со партнерот.

Точка на дното на талогот – озборување.

Чешма – добро здравје.

Штикла – машки гостин.

Чизма – женски гостин.

Буквата „V“ – победа.

 znaete-da-si-gledate-na-kafe-otkrijte-ja-sudbinata-preku-nekolku-simboli-1

Доколку во талогот видите бројка, тоа значи дека нешто ќе ви се случи во временски период зависно од бројката. На пример, бројот 3 – за 3 часа, 3 дена, 3 недели..

Ако талогот на вашето кафе не формирал никаква фигура тоа значи дека моментално сте затворени во себе, расеани сте или имате тежини.

Ако надвор од филџанот имате разлеано кафе – направете тест за бременост, се верува дека доколку се излее кафе во форма на капка тоа значи дека девојката ќе остане бремена. Сепак, не се вознемирувајте, тоа е само гледање на кафе.

За да може да гледате на кафе потребно е да имате добра интуиција, добро да ги познавате симболите и да имате добар вид.

Се препорачува ритуалот гледање на кафе да се прави исклучиво во вторник и петок, никако во недела или на празници.

На крајот, замислете желба и стиснете на дното на филџанот со прст.

На здравје, кафе!

znaete-da-si-gledate-na-kafe-otkrijte-ja-sudbinata-preku-nekolku-simboli-3

Би можело да ве интересира:

Мајка ѝ лажела дека е смртно болна за пари од донации, починала на 7 години: Тажната судбина на Олив... Во својот краток живот, на Оливија ѝ биле направени над 20 операции и постојано ...
Хит видео топи срца: Собирачи на отпад му дадоа втора шанса на мечето Вини Пу, откако некој го фрлил... Изгледа вработените во комунална хигиена немаа срце да го уништат засекогаш кади...
„Другарка ме третира како бесплатна дадилка – ми ги остава децата без најава, очекува да им готвам“ „Јас работам од дома и немам деца. Но, не сум во финансиска состојба која ми ово...
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
Извадил 200 евра, купил билет за Лондон и исчезнал: Детали за чудното исчезнување на 14-годишниот Ен... Ендру Госден бил натпросечно интелигентно дете кое немало ниту еден изостанок на...
„Ако сте љубезни со непознати, а дрски дома - Вие не сте добра личност, само градите лажен имиџ“ „Можете да бидете љубезни кон животните, кон продавачите, кон секој странец кој ...

Најчитани неделава