„Лоши навики“ од кои не треба да се откажете

Лошите навики како пушењето на цигари, изневерувањето, лажењето и слично, се оној тип на навики од кои дефинитивно би требало да се откажеме и тоа веднаш.

losi-naviki-koi-i-ne-se-tolku-losi-01

Но постојат и оние лоши навики, од кои и не мораме да се откажеме, бидејќи тие се всушност добри за нас. Веруваме ќе се пронајдете во барем една:

Одложување на обврските заради омилената серија - истражувањата покажале дека она што го правите кога ќе се вратите од работа, резултира врз посветеноста на вашата работа во следниот ден. Што значи, луѓето кои ја поминуваат целата ноќ седејќи пред компјутерот и работејќи, помалку се релаксирани и фокусирани следниот ден на работа. Додека пак оние кои ги поминуваат ноќите со омилената серија, на кафе или прошетка со пријателите покажуваат подобри резултати на работа.

Земате боледување од работа - а, всушност не сте болни туку сте ‘заглавиле’ со пријателите. Кога сте мамурни, во ниеден случај не можете да се замислите да седите во канцеларија, па најдобар начин е јавувањето кај директорот дека не се чувствувате добро. Земањето на слободен ден, секако одлично ќе ви влијае, но нека не биде пречесто.

Исфрлете го бесот - ако се чувствувате бесни и лути, и некогаш не можете да се воздржите, всушност тоа е добро. Исфрлете го сиот бес надвор од себе, бидејќи на тој начин ќе си го зачувате вашето здравје. Оние кои ја чуваат лутината во себе и не го исфрлаат бесот, се изложени на инфаркт десетпати повеќе од оние кои тоа го прават. Тоа е така поради високиот крвен притисок на кои сме изложени кога сме лути, нервозни и бесни.

Читање и разгледување интернет страници додека сте на работа - воопшто не попречува на вашата работа. Истражувањата покажале, дека луѓето кои практикуваат неколку минути одмор во читање на статии додека се на работното место, даваат подобри резултати. Тоа е така поради тоа што го одмарате за миг мозокот кога се фокусирате на нешто друго. Потоа кога продолжувате со работа по таа кратка пауза, значително повеќе сте фокусирани и сконцентрирани на обврските. Значи, дозволете си мала пауза на работа и читање и релаксација.

Импулсивно купување - добро е, само ако доволно добро знаете што купувате. Тоа значи дека можете да си дозволите одредено патување кое не може да ви донесе никаков ризик. Со „купувањето“ на авантура никогаш нема да погрешите.

Би можело да ве интересира:

Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...

Најчитани неделава