Внесете забава во пролетните дождливи денови

Во ниеден случај не смеете да дозволите дождот да го расипе вашето расположение и вашите планови. Дождливиот ден може да биде интересен и забавен без разлика дали сте во друштво или сами.

vnesete-zabava-vo-proletnite-dozdlivi-denovi-01

Не знаете како да го исполните овој дождлив ден, кога едноставно не ви се излегува до дома?

Згответе нешто вкусно. Нешто што досега го немате зготвено. Пронајдете некој интересен и невообичаен рецепт. Тоа може да биде, на пример од индиска кујна, зошто да не?

Преуредете го просторот. Преуредувањето е интересно и забавно а,секако ќе ви го исполни времето. За возврат ќе добиете сосема нов изглед на просторот во кој живеете.

Гледајте филм. Доколку одамна сте сакале да погледнете некој филм, дождливиот ден е создаден токму за тоа. Филмот ќе ви гарантира одлична забава и пополнување на времето.

Повикајте неколку пријатели. Времето поминато дома со пријателите може да биде одлична забава. Без разлика дали нешто ќе правите заедно или само ќе разговарате, седењето во друштво ќе ви го развесели денот.

Ако не можеш да го победиш придружи му се. Златно правило! Направете топло чоколадо,седнете покрај прозорецот и набљудувајте ја убавината на дождот.

vnesete-zabava-vo-proletnite-dozdlivi-denovi-02

Заминете во викенд куќа со пријателите. Секогаш постои опција и да изнајмите викенд куќа. Наместо да останете дома избегајте со пријателите и забавувајте се колку што можете повеќе.

Бидете креативни. Изразете ја креативноста на најразлични начини како преку пишување,цртање,музика и слично. Тоа ќе ве задлабочи се додека не престане дождот.

Би можело да ве интересира:

Човечки заби, мумифицирана мачка: Морничави работи што луѓето ги нашле во своите домови Замислете откако ќе си купите куќа и ќе ја реновирате, во неа да почнете да наоѓ...
6 безбедносни совети кои можат да ви го спасат животот Што да правите ако сте во автомобил на раб на бездна или, пак, ако паднете во бр...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
14 катастрофални онлајн нарачки, што ќе почнете да се смеете од мака „Порачав патики и кога стигнаа, сфатив дека двете се леви“ - сте добиле ли и вие...
Трикови со кои ќе го заштите домот од кражби (кога не сте дома), според експерти за безбедност Ако живеете во куќа со двор, важно е да ги осветлите темните места во дворот бид...

Најчитани неделава