Говорот на телото ве открива! Дознајте како

Иако луѓето често се трудат да ги прикријат своите чувства, моменталното расположение или впечаток, нивниот говор на тело секогаш ги издава.

govorot-na-teloto-ve-otkriva-doznajte-kako-01

Без разлика колку и да прикривате, од говорот на вашето тело една личност може да ја забележи вашата нервоза или желбата за бакнеж.

Ова се неколку примери како вашиот говор на тело секогаш ве издава без разлика дали сте со пријатели, на рендеву или интервју за работа.

Вашата насмевка

Прикриено насмевнување покажува дека сте срамежлива, но дволична личност.

Гласното смеење покажува дека сте опуштена, но често вообразена и саркастична личност.

Широка безгласна насмевка покажува дека не го слушате вашиот соговорник и се фокусирате на неговите недостатоци.

Доколку се смеете и истовремено ја облизнувате вашата уста, тоа значи дека сте нервозни, лути или сексуално ве привлекува личноста со која сте во моментот.

Начинот на ракување - стисокот на ракувањето ја изразува силата на вашата личност.

Силен стисок - знаете што сакате од животот и сте полни со самодоверба.

Лабав стисок - вие сте опуштена, но и незаинтересирана личност за околината околу вас.

Умерен стисок - не спаѓате во оние полни со самодоверба, но сте искрени и најчесто реалисти.

Положбата на вашите раце

Доколку вашите раце се прекрстени тоа значи дека не се чувствувате пријатно или сакате да се заштитите.

Доколку рацете се опуштени во вашиот скут, покажуваат дека ви е пријатно и сакате да оставите пријатен впечаток на личност со добри манири.

govorot-na-teloto-ve-otkriva-doznajte-kako-02

Положбата на вашите нозе

Благо раширени нозе укажуваат дека ви е пријатно, целосно прилепени нозе даваат знак на срамежливост, а прекрстени нозе се знак на провокација.

Допирање на спротивната личност

Доколку често го допирате соговорникот, тоа му укажува дека ви се допаѓа.

Играње со косата

Може да има две значења, или ви е здодевно, или чувствувате напнатост и нервоза.

Вашиот поглед - погледот е оној што најчесто ја издава личноста во некои моменти.

Поглед надолу - се срамите или сте разочарани.

Поглед лево па десно и обратно - не знаете најдобро да се изразите или смислувате некоја лага.

Поглед нагоре - покажува дека ви е здодевно.

Поглед кон усните на соговорникот - доколку се работи за личност која ве привлекува, тогаш размислувате за бакнеж и не обрнувате внимание на тоа што ви го зборува.

govorot-na-teloto-ve-otkriva-doznajte-kako-03

Гледање на вашите нокти или часовникот

Дефинитивно ви е здодевно. Издржете уште неколку минути и предложете крај на средбата.

Во спротивно ќе го навредите соговорникот бидејќи ова се јасни знаци дека нетрпеливо сакате да си заминете.

Би можело да ве интересира:

Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Безбедносни совети за жени од поранешен ФБИ агент - Има трик и со копчето од лифотот „Кога се чекирате во хотел, штитете го вашиот личен простор како на банкомат. Ре...
Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...

Најчитани неделава