Не зависете од никого, бидете самостојни!

Ги паметите ли плановите за кога ќе наполните 18 да се отселите од семејната куќа и да почнете да живеете сами?

ne-zavisete-od-nikogo-bidete-samostojni-3

Сигурно сте сакале да најдете работа покрај која ќе може да излегувате и да студирате истовремено, но тие планови со време избледнале или ви изгледале невозможни, па сте се откажале од нив.

Сега е вистинското време да ги остварите!

Доколку не знаете од каде да почнете, следете ги овие едноставни совети и направете го првиот чекор кон вашата слобода:

- Одлучете што сакате да работите и испланирајте прецизно како ќе ги потрошите заработените пари за остварување на вашата независност.

- Запишете ги сите ваши активности во текот на една недела. Направете динамичен распоред кој ќе ги вклучува идната работата и студирањето истовремено.

- Почнете да ги прелистувате огласите, но не се фокусирајте целосно на нив. Не го запоставувајте учењето во никој случај.

- Посветете време на вашето CV и мотивационо писмо. Направете ги привлечни и професионални. Зачинете ги со вашата креативност и аплицирајте на повеќе работни места.

- Бидете флексибилни и без разлика колку и да сте зафатени никогаш не ги одложувајте важните обврски.

ne-zavisete-od-nikogo-bidete-samostojni-2

- Почнете да изучувате странски јазик кој ќе го надополни вашето CV со нов сертификат и ќе ви ги отвори портите кон еден непознат свет.

- Читајте книги бидејќи тие се извор на мудрост и идеи. Покрај тоа што ќе ги подобрите вашите комуникациски вештини за идното интервју за работа, ќе бидете и духовно побогати.

- Намалете со журките и алкохолот и посветете се на учењето и работата. Нив оставете ги за прославување на вашиот иден успех.

- Не заборавајте на вашите најблиски и одвојувајте барем еден ден во неделата за да бидете со нив. Нивната поддршка ќе ви биде потребна доколку се одлучите на осамостојување.

- Размислувајте позитивно и никогаш не се залажувајте себеси. Запомнете дека позитивните мисли се тие кои ќе ви донесат позитивен резултат.

ne-zavisete-od-nikogo-bidete-samostojni-4

Би можело да ве интересира:

6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Знаци дека мора да направите рамнотежа меѓу приватниот живот и работата Не можете да го исклучите телефонот без чувство на вина и горди сте што сте прем...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
10 новогодишни суеверија што (наводно) ќе ви донесат среќа во 2026-та Ставете повеќе пари во паричникот за да биде полн кога ќе влезете во новата годи...

Најчитани неделава